Добри Лаки
Добри Лаки (бугарски: Добри лаки) — село во Каршијак, Пиринска Македонија, денес во Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Сместено е недалеку од границата со Република Македонија, односно Општина Берово. ГеографијаСелото е сместено во планинско подрачје, во подножјето на Малешевските Планини, во историско-географската област Каршијак. Ова мало и китно селце располага со богата природа. Низ него тече реката Лебница која има големо стопанско значење за местото. Добри Лаки лежи 34 км од општинското седиште Струмјани, а најблиско населено место од бугарска страна е Клепало (7 км). ИсторијаВо XIX век Добри Лаки било помало чисто македонско село, кое прво ѝ припаѓало на Мелничката, а по 1878 г. на Петричката каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрил’к (Dobrilëk) било село во Мелничката каза со 60 домаќинства од 200 жители Македонци.[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 620 Македонци-христијани[1][3]. Во селото работела бугарската пропаганда на духовен и образовен план. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Добролаки (Dobrolaki) имало 784 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија. Во него работело 1 основно бугарско училиште со 1 учител и 27 ученици.[4] Црквата „Св. Троица“ е завршена во 1913 година.[5] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia