Горна Крушица
Горна Крушица (бугарски: Горна Крушица — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2] ИсторијаОтоманско ЦарствоВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Крушица (Krouchitsa) имало 26 домаќинства и 80 Македонци.[3] [4]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 120 жители, сите Македонци.[3][5] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 176 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6] По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[7] БугаријаПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.[8] Во 50-тите години на 20 век селото се преселило од старата локација во Малешевската планина на 7 км источно во долината на Струма. Во 1999 година била изградена црквата „Свети Димитар“.[9] ГеографијаСелото Горна Крушица се наоѓа на околу 41 километри јужно од регионалниот центар Благоевград и на околу 9 километри југозападно од општинскиот центар Струмјани. Селото Горна Крушица се наоѓа во долината на Струма, на околу 1 км западно од реката, во подножјето на Малешевските Планини. Северно од селото е Сливница, а на југ Каменица. Горна Крушица е поврзана со градот Кресна и селото Струмјани, кое е општински центар, преку асфалтиран, но тешко дотраен пат. На неговата денешна местоположба, Горна Крушица било изградено во 1958-1962 година. Пред тоа селото се наоѓало на околу 7 километри западно од сегашната населба во Малешевските Планини.
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[12]
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia