Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:
Камберовци (5 к.), Фетоски (10 к.) и Уљароски (9 к.) наведените три рода во селото биле староседелски. Основачите на родовите зборувале само македонски, но преку брачни врски со доселените родови од Албанија целосно се албанизирале.
Јонуз (1 к.) доселени се од селото Пожаране. А таму од Долна Река. Основачот на родот бил Торбеш.
Рамовци (7 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
Јонузовци (4 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
Ељезовци (4 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
Мемедови (20 к.) доселени се од Чаје кај Љума во северна Албанија.
Ајвазовци (10 к.) исто потекло како и претходниот род.
Аџијоски (4 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
Куртовци (6 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
Дане (1 к.) основачот на родот е доселен како домазет од северна Албанија.
Бектеш (1 к.) доселени се од селото Речани. А таму од северна Албанија.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ново Село.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“