Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 5 километри северно од Гостивар.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и било едно од најголемите села во полошката област со 240 христијански семејства, 17 неженети христијани и 2 вдовици христијани.[2]
Во XIX век, Врапчиште било село во Полошката нахија во рамките на Гостиварската каза на Отоманското Царство.
Врапчиште е најголемо село, коешто во 1961 година имало 3.420 жители, а во 1994 година 5.015 жители, од кои 191 биле Македонци, 1.743 Албанци, 3.072 Турци, 1 Србин и 8 други.
Според пописот од 2002, Врапчиште има 4.874 жители и претставува едно од најголемите села во Гостиварско и Полог.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.003 жители, од кои 118 Македонци, 912 Албанци, 2.765 Турци, 1 Србин, 1 Бошњак, 3 останати и 203 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
2.988
1953
343
2.079
919
5
—
3
—
19
—
3.368
1961
289
1.023
2.096
—
—
2
—
10
—
3.420
1971
241
2.075
1.683
—
—
3
—
45
—
4.047
1981
226
1.833
2.822
—
—
—
—
111
—
4.992
1991
205
348
2.998
—
—
—
—
23
—
3.574
1994
191
1.743
3.072
—
—
1
—
8
—
5.015
2002
172
1.777
2.899
—
—
—
—
26
—
4.874
2021
118
912
2.765
—
—
1
1
3
203
4.003
Родови
Врапчиште е мешано село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Македонски
Самарџиовци (4 к.) староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (таму се викаат Манојлоски) и во Бугарија (седум семејства).
Таргаџовци (4 к.), Брбушевци (6 к.), Лјчковци (2 к.), Суслаковци (6 к.), Серафилоски (1 к.) и Мишмировци (8 к.) и тие се староседелци.
Пупевци (2 к.) доселени се однекаде.
Кљункаровци (2 к.) доселени се од селото Тумчевиште. Основачот на родот се викал Апостол.
Православни Роми
Стрезоски (3 к.) тие се стар селски род. Зборуваат македонски. Брачни врски одржувале со православните Роми од Тетово, и со Македонците. Последно зеле некоја Македонка од Железна Река. Имаат заеднички гробишта со Македонците. За родот Стрезовци се слуша и името Ефремовци, по некој помлад предок.
Турски
Чапраз (3 к.) најстар муслимански род во селото. Доселени се одамна од Мала Азија.
Фис (4 к.) исто како и претходниот род.
Спахија (30 к.) исто како и претходните родови. Со родот Фис потекнуваат од ист предок.
Оџалари (8 к.) доселени се од околината на Видин во Бугарија. Подалечно потекло од Турција.
Кара Батака (32 к.) доселени се од некое место во Бугарија. Подалечно потекло од Мала Азија.
Врањко (16 к.) доселени се во 1878 година од Врање во Србија. Право потекло од Мала Азија.
Во селото постојат избирачките места бр. 455, 455/1, 456, 456/1, 457, 457/1, 458, 458/1, 459 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
Кенан Хасипи (р. 1955) - македонски политичар, пратеник и претседател на ДПТМ;
Јаничие Димитриевиќ (14 септември 1879/1880 - 17 декември 1946) - лекар, пратеник, конзул;
Меваип Ефенди Сипахи (теолог,муфтија)
Јусуф Хасани (македонски политичар и пратеник од ДПТМ)
Јусуф Хамзаоглу (професор по историја при УКИМ)
Ќемал Ефенди Аручи (теолог)
Сали Мурати ( уставен судија и претседател на Уставниот суд на РСМ)
Назим Ибрахим ( редовен универзитетски професор по турски јазик и книжевност при УКИМ)
Илами Халими ( македонски фудбалер )
Ќераметтин Шар (познат турски интернист - Аџибадем - Истанбул)
Мехмет Зеки Ибрахимгил ( професор при универзитетот Гази во Анкара - Факултет за литература, отсек историја на уметност)
Галип Велиу ( универзитетски професор по филозофија)
Култура и спорт
ФК ВРАПЧИШТЕ - Во 2012 година се одржа проектот"Спортот за заедништво,толеранција и сплотување".
Од 1958 година постои фудбалскиот клуб Врапчиште кој во сезоната 2017/18 испадна од третата лига Запад.
Културно уметничко друштво "Јунус Емре" - Врапчиште
Иселеништво
Од селото се има селено турското население. Иселени се околу 30 семејства во Турција до 1951 година.[11]
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 11,011,1Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.