Ломница
Ломница — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 17 километри северозападно од градот Гостивар. Сместено е на источната падина на Шар Планина под гребенот Кржелино и врвот Рудока, на левиот брег над планинската река Матене која истекува од шарското ледничко Црно Езеро. Ломница е вовлечена во масивот на Шар Планина, расположена во горниот дел на долината на Маздрача од нејзината лева страна, на висина од 1200 метри[2], односно 1020 метри[3]. Западно од Ломница е превојот Враца преку Шар Планина, помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, низ кој водел стариот пат од Полог за Љума во северна Албанија[2]. Селото Ломница припаѓа на Општина Врапчиште, чиј атар се издига до сртот на Шар Планина и е релативно голем зафаќајќи простор од 27,6 км2 на кои преовладуваат шумите на површина од 1773 ха, на пасиштата отпаѓаат 678 ха, а на обработливото земјиште 203 ха[3]. Од градот Гостивар, Ломница е оддалечена 19 км[3]. Ломница е село од збиен тип, чиишто куќи се поделени во три маала, кои се нарекуваат: Чајан, Бодин и Лека[2]. ИсторијаЛомница е старо село, а за првпат се споменува во турските документи (пописен дефтер) од 1595 година, кога тоа било населено со православни Македонци[2]. Денешните жители, муслимански Албанци, започнале да се доселуваат пред околу 240 години, од северниот дел на Албанија[2]. Сегашните албански жители не знаат или не кажуваат кога се иселиле староседелските македонски родови од Ломница[2]. Името на селото Ломница е со потекло до македонскиот јазик, што укажува дека тоа е основано и во него во минатото живееле Македонци. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4] СтопанствоСпоред структурата на земјиштето Ломница има мешовита земјоделска функција. Поради големиот атар кој ги опфаќа пространите пасишта на зарамнетите шарпланински гребени Кржелино (главно пасиште), Војводино, Думково и бројните бачила, Ломница е изразито сточарско овчарско село и воедно едно од селата со најголем број на стада и грла овци меѓу сите шарпланински села. Сточарски станови - трла со бројни овци има во самото село и во месностите Трла и Кодра Станишеве[2], веднаш западно над самото село. На пределот Матене има голема и густа букова шума[2] од која се сече и огревно дрво. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ломница живееле 166 жители, сите Албанци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ломница имало 34 куќи и 360 жители Албанци.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[8] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 574 жители, 1 Македонец, 571 Албанец и 2 останати.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 93 Албанци и 25 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиВо Ломница живеат доселени албански муслимански родови[2]. Во маалото Чајан живеат: Чајан по потекло од Чаја во северна Албанија; Пал или Палолар од фисот Бериш од северна Албанија; Скоре по потекло од Љума во северна Албанија[2]. Во маалото Бодин живеат: Бодин од фисот Красниќ и областа Калис во северна Албанија, а во маалото Лека живеат: Лека по потекло од областа Малесија во северна Албанија, Реч дошле од истоименото село кое се наоѓа крај реката Дрим во северна Албанија, Печ и Штеи по потекло до Малесија во северна Албанија, Булк од северна Албанија[2]. Општествени установиСамоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 449 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 577 гласачи.[16] Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоГалерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia