Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Горјане — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 34 куќи со 213 жители, Албанци и Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 70 жители, сите Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Албански
Доселеници:Алија (6 к.) доселени се од Буштрице во северна Албанија, во првата половина на 19 век. Го знаат следното родословие. Риза (жив на 36 год. во 1948 година) Раиф-Амит-Ризван-Али, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во селото Сенокос; Грналар (5 к.) доселени се од Ујмишта во Љума. Го знаат следното родословие. Алија (жив на 38 год. во 1948 година) Зибер-Карасина-Деар, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство); Имерица или Реџолар (7 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Го знаат следното родословие. Гарип (жив на 40 год. во 1948 година) Ракип-Елмаз-Имерица, мајката која се доселила со своите синови. Имаат иселеници во Сенокос; Бајрамлар или Партал (4 к.) доселени се од северна Албанија. Живееле некое време и во селото Ѓурѓевиште. Го знаат следното родословие Ферми (жив на 34 год. во 1948 година) Меди-Бајрам, кој се доселил во селото. Имаат роднини во селата Врапчиште, Ѓурѓевиште и некои други села; Браимлар (4 к.), Дурмишлар (3 к.) и Амзолар (4 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Од родот Дурмишлар има иселеници во Битола; Коваче (3 к.) доселени се од Чаја во Љума; Рочалар (1 к.), Шабанлар (1 к.) и Билал (1 к.) последните два рода се млади доселеници. Родот Билал се доселил во 1928 година од северна Албанија. Од родот Шабанлар има иселеници во селото Градец.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 450 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
↑Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.