Вљубениот Шекспир
Вљубениот Шекспир (англиски: Shakespeare in Love), познат и како Заљубениот Шекспир — американско-британски драма-филм од 1998 година, режиран од Џон Маден, а продуциран од Марк Норман. Во филмот е опишана љубовната афера на Вилијам Шекспир (го игра Џозеф Фајнс) во периодот кога ја пишувал трагедијата „Ромео и Јулија“. Приказната во филмот е фиктивна, иако некои од улогите се засновани на вистински ликови. „Вљубениот Шекспир“ освоил седум „Оскари“, меѓу кои „Оскар“ за најдобар филм, „Оскар“ за најдобра глумица (Гвинет Палтроу) и „Оскар“ за најдобра глумица во споредна улога (Џуди Денч). Историска точностФилмот не претендира на историска точност и вклучува многу комични анахронизми (како психотерапевт, Шекспир како скока на ферибот и вели: „Следи го тој чамец!“, и Хенслоу како ја предвидува фразата „Шоуто мора да продолжи!“ (анг. „The show must go on!“). Сепак, костимите и прикажувањето на некои познати ликови, посебно кралицата Елизабета Прва, всушност се многу добро направени, и прецизно го прикажуваат расположението и модата на тоа време. ДејствиеФилмот се занимава со забранетата љубов помеѓу Шекспир (го игра Фајнс) и Виола (ја игра Палтроу) која е благородничка. За да го подмири својот долг кон стопанственикот Хју Фенимем, шекспировиот патрон Хенслоу му нуди на Фенимен партнерство во најновата продукција на последната шекспирова комедија, која се вика Ромео и Етел - ќерката на пиратот. Оваа драма подоцна ќе биде преименувана во „Ромео и Јулија“. Летото 1593 година, писателот Вилијам Шекспир има писателска блокада и бара нова муза. Ја наоѓа во Виола де Лесепс, млада девојка која е инспирирана од неговата работа и вљубена во неговите рими. Иако е забрането од законите и обичаите во 16. век, Виола се облекува како маж и оди на аудиција за улога во неговата нова драма.[2][3] НаводиНадворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
|
Portal di Ensiklopedia Dunia