Се случи една вечер
„Се случи една вечер“ (англиски: It Happened One Night) — филм од жанрот романтична комедија на американскиот режисер Френк Капра од 1934 година. Главните улоги ги играат: Кларк Гејбл, Клодет Колбер, Волтер Коноли, Роско Карнс и Џејмисон Томас. Приказната е засновата на краткиот расказ „Ноќен автобус“ од Семјуел Хопкинс Адамс, издаден во август 1933. „Се случи една вечер“ е една од последните романтични комедии направени пред филмското здужение на САД да започне со спроведувањето на продуцентскиот код во 1930. И порај насловот, дејствието во филмот се одвива неколку вечери. Филмот е добитник на наградата „Оскар“ во пет категории и се смета за еден од најдобрите филмови во историјата.[3] Всушност, тој е првиот филм кој ги освоил петте големи награди на Филмската академија на САД (најдобар филм, директор, глумец, глумица и сценарио), успех кој не бил повторен сè до 1975 година, кога филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ ги освоил овие награди, а подоцна истото го постигнал и филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ во 1991. Во 1993 година, „Се случи една вечер“ бил зачуван во Националниот филмски регистар на САД како „културолошки, историски или естетски значаен“.[4] Академски наградиФилмот ги освоил сите пет награди за кои и бил номиниран:
СинопсисЕден богат човек, инаку строг татко, бара од својата разгалена ќерка (ја игра Колбер) да го поништи бракот со човекот за кого смета дека само сака да ги добие неговите пари. Девојката бега од дома со намера во Њујорк да се сретне со мажот, а во автобусот се запознава со бунтовен новинар (го игра Гејбл) кој неодамна останал без работа. Бидејќи автобусот се расипува, тие почнуваат да стопираат и во меѓувреме меѓу нив се раѓа љубов... Наводи
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude> |
Portal di Ensiklopedia Dunia