Прекрасен ум
Прекрасен ум — биографски филм од 2001 година, за математичарот и нобеловец Џон Форбс Неш. Филмот беше режиран од Рон Хауард и напишан од Акива Голдсмен. Филмот е заснован на истоимениот бестселер од Силвија Насар. Главните улоги ги толкуваат Расел Кроу, Џенифер Конели, Ед Харис и Пол Бетани.[1] Приказната започнува во раните години на животот на Неш во универзитетот Принстон. Тој создава оригинална идеја која ќе биде револуција во полето на математиката. Но, уште на почетокот, Неш покажува дека страда од параноична шизофренија и со болка гледа како лошо тоа влијае врз неговата сопруга и пријатели.[2] Филмот беше премиерно прикажан во кино-салите во САД на 21 декември 2001 и беше добро-прифатен од страна на критиката, заработувајќи преку 300 милиони долари на светско ниво, а доби и четири „Оскари“, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Но, доби и неколку критики за неточно прикажување на некои аспекти од животот на Неш. Наводи|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
|
Portal di Ensiklopedia Dunia