Паразит (филм)
Паразит (англиски: Parasite) — јужнокорејски филм од 2019 година, во режија на Понг Џун Хо (Bong Joon Ho). Во глвните улоги настапуваат: Сонг Канг Хо (Song Kang Ho), Ли Сун Кјун (Lee Sun Kyun), Чо Јо Џонг (Cho Yeo Jeong), Чои Ву Шик (Choi Woo Shik) и Парк Со Дам (Park So Dam). Самиот режисер го опишал филмот како „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Во 2019 година, филмот ја освоил „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како првиот јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда. „Паразит“ претставува смеса од повеќе жанрови: црна комедија, социјална драма, сатира, хорор и трилер. Филмот претставува возбудливо и непредвидливо остварување со јасна социополитичка позиција. Сепак, неговата раскошност непотребно завршува со премногу долг и разводнет крај.[2] ![]() СодржинаЧетиричленото семејство Ки Тек живее во влажен подрумски стан и секојдневно ги гледаат минувачите по тротоарот. Членовите на семејството се невработени, а заработуваат така што склопуваат кутии за пица. Еден ден, синот Ки Ву добива работа како приватен учител по англиски јазик во едно богато семејство кое живее во раскошна куќа на ридот. Служејќи се со итрини, другите членови на семејството успеваат да ги избркаат слугите во куќата и да ги заземат нивните места. Така, сестрата станува инструкторка за „уметничка терапија“, таткото — шофер, а мајката — домашна помошничка. Еден викенд, богатото семејство заминува на одмор и членовите на семејството Ки Тек добиваат можност да уживаат во благодетите на раскошната куќа...[3] Улоги
Наводи
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude> |
Portal di Ensiklopedia Dunia