Одовде до вечноста
„Одовде до вечноста“ (англиски: From here to eternity) е американски филм (од жанрот драма) од 1953 година, во режија на Фред Зинеман, а заснован врз истоимениот роман на Џејмс Џонс. Главните улоги ги толкуваат: Берт Ланкастер, Монтгомери Клифт, Дебра Кер, Дона Рид, Френк Синатра и Ернест Боргнајн. Филмот ги прикажува неволјите на група војници на Хаваите, неколку месеци пред почетокот на нападот на Перл Харбор. „Одовде до вечноста“ освоил осум „Оскари“, од вкупно 13 номинации, меѓу кои и Оскар за најдобар филм, Оскар за најдобар режисер, Оскар за најдобра адаптација на сценарио, оскар за најдобар глумец во споредна улога (Френк Синатра) и оскар за најдобра глумица во споредна улога (Дона Рид).[2] СинопсисДејствието на филмот се одвива во 1941 година. Роберт Ли Пруит бара прекоманда и тој е испратен на Хаваи. Неговиот нов капетан, Дејна Холмс, разбрал дека Роберт добро боксува и го бара во екипата на воената единица. Меѓутоа, Роберт не сака повеќе да се занимава со бокс и поради тоа капетанот Холмс на сите начини се обидува да му го загорчи животот. Во меѓувреме, вондикот Ворден почнува да се гледа со сопругата на капетанот, која е позната по тоа што бара утеха надвор од нејзиниот проблематичен брак. На таквите сложени меѓучовечки односи големо влијание има јапонскиот напад на Перл Харбор.[3] Наводи
Надворешни врски
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude> |
Portal di Ensiklopedia Dunia