Рич — село во Општина Струмица , во околината на градот Струмица .
Влезот на црквата Свети Илија
ОУ „Маршал Тито“
Селска чешма
Куќа во селото
Географија и местоположба
Рич се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија . Од најблискиот град Струмица е оддалечен 21 километри.
Надморската височина во селото е 509 метри а површината на селото изнесува 2450 ха.
Историја
Стопанство
Претежно занимање на населението е сточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 453 ха.[ 2]
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 503 — 1953 520 +3.4% 1961 535 +2.9% 1971 491 −8.2% 1981 360 −26.7%
Година Нас. ±% 1991 376 +4.4% 1994 365 −2.9% 2002 382 +4.7% 2021 315 −17.5%
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика “) од 1900 година, во Рич живееле 225 жители, сите Македонци .[ 3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев , („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во Рич имало 280 Македонци , под врховенството на Бугарската егзархија .[ 4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци .[ 5]
Според пописот од 2002 година, во селото имало 103 домаќинства и 382 жители, од кои 381 Македонец и 1 Србин .[ 6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 315 жители, од кои 291 Македонец и 24 лица без податоци.[ 7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
225
280
503
520
535
491
360
376
365
382
315
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 8] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 9] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1767 според Државната изборна комисија , сместени во просториите на основното училиште.[ 12]
На претседателските избори во 2019 година , на ова избирачко место биле запишани вкупно 316 гласачи.[ 13]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година , на овие избирачки места биле запишани вкупно 322 гласачи.[ 14]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Личности родени во Рич:
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ „Населени места во Струмица“ . http://www.strumica.gov.mk . Посетено на 2013-05-05 .
↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 161.
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106 - 107.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019 .
↑ „Парламентарни избори 2020“ . Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020 .
Надворешни врски
„Рич “ на Ризницата ?