Во текот на Втората светска војна, селото претрпило голема штета. По крајот на војната започнала изградбата на селото Раборци изгорено во 1944 година од Германците и веќе во 1945 година населението од ова село било сместено во нови домови.
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 18 ха[2].
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
80
—
1953
98
+22.5%
1961
131
+33.7%
1971
155
+18.3%
1981
130
−16.1%
Година
Нас.
±%
1991
109
−16.2%
1994
112
+2.8%
2002
105
−6.2%
2021
77
−26.7%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 105 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 77 жители, од кои 64 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Во селото постои избирачкото место бр. 1835 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Три Води.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“