Дејвид Симан
Дејвид Ендрју Симан (Ротерам, 19 септември 1963) — англиски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата голман. Моментално е тренер на голманите во Вембли. Во својата долга клупска кариера која траела 23 години, најмногу сезони поминал, а воедно и најмногу натпревари одиграл, за Арсенал. Голот на англиската репрезентација го чувал на 75 натпревари и ја претставувал на две европски (1996 и 2000) и две светски првенства (1998 и 2002). Го зазема второто место меѓу англиските голмани со најмногу натпревари за дресот со националниот грб зад Питер Шилтон.[1] Својата играчка кариера ја завршил во јануари 2004 година, поради периодични повреди на рамото. Бил назначен во Редот на Британската Империја во 1997 година за своите заслуги во спортот. Клупска кариераСиман ја започнал својата кариера во Лидс Јунајтед, клуб чиј навивач бил како дете. Сепак, откако не му била укажана шанса од тогашниот менаџер на белите Еди Греј, во август 1982 тој преминал во Питерборо Јунајтед, клуб од четвртата дивизија на англискиот фудбал. Таму многу брзо успеал да се наметне и бил прв голман во текот на двете години колку го чувал голот на Питерборо. Во 1984 година, Бирмингем Сити го купил Симан од Питерборо за 100.000 фунти. Во првата сезона, тој му помогнал на клубот да избори промоција во Првата дивизија, но оттаму испаднале веќе следната сезона, па во август 1986 година Симан потпишал со Квинс Парк Ренџерс. Голот на лондонскиот клуб го чувал во наредните четири сезони во Првата дивизија, а одличните настапи за клубот му донеле и деби во репрезентацијата во 1988 година. Со преоѓањето во Арсенал, подоцна се афирмирал како еден од најдобрите голмани во своето време. Со топџиите го освојувал првенството во сезоните 1990-1991, 1997-1998 и 2001-2002, истовремено станувајќи ѕвезда во репрезентацијата по пензионирањето на Шилтон. Освоил уште 4 титули во ФА Купот (1992–1993, 1997–1998, 2001–2002, 2002–2003). Во сезоната 1993-1994, го освоил Купот на победниците на куповите, неговиот единствен интернационален трофеј во карерата; Во 1999 година, поставил рекорд во историјата на Арсенал со 17 примени голови на 38 лигашки натпревари, додека во 2003 година станал еден од ретките играчи во светот кои стигнале до 1000 одиграни официјални натпревари. Во летото 2003, го напуштил Арсенал по 13 сезони поминати во клубот и се преселил во Манчестер Сити. Сепак, многу брзо по доаѓањето во Манчестер, во јануари 2004 бил приморан да ја заврши својата кариера поради повреда на рамото. Интересно, и во клубот и во репрезентацијата го заменил Дејвид Џејмс. Репрезентативна кариераЗа англиската репрезентација играл до 2002 година, претставувајќи ја земјата на две светски првенства во 1998 и 2002, и на две европски првенства во 1996 и 2000. Вкупно одиграл 75 натпревари. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистика
Титули
ПочестиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia