Друштво Србо-МакедонциДруштвото Србо - Македонци од Цариград е асоцијација на македонски интелектуалци [1]. Целата на друштвото е афирмација на македонскиот национален индивидуалитет и борба против бугарската црковно - просветната пропаганада во Македонија [1]. Асоцијацијата била под влијание на некои од пропагандите, првенстевено српската пропаганда, поради нејзиниот дотогаш отворен македонистички настап[1]. Програмата на Друштвото Србо - Македонци1. Во Цариград да се печати еден Македонски весник на чист македонски јазик[2] 2. Откажување на Македонците од Бугарскиот егзарх[2] 3. Обнова на Охридската архиепископија која ќе зависи Цариградската патријашија[2] 4. На Македонскиот народ да му се докажува дека не се Бугари[2] 5. Протерување на бугарските владици и учители од Македонија и нивна замена со Македонци[2] Барањето до Великиот везирВо 1887 година во Цариград, Коста Групче и Наум Евро со посредство на српскиот дипломатски претставник Стојан Новаковиќ, од Великиот везир побарале издавање на Македонски лист[3]. Весникот требало да се издава на чист македонски дијалект[3] и би пропагирал дека:
Меѓу другото на Великиот везир му било истакнато:
Барањето не било прифатено од страна на Великата порта и тие биле одбиени. Обраќањето до претставниците на Големите силиОткако биле одбиени од Високата порта, тие се обратиле до диоломатските претставници на Големите сили во Цариград и до нив истакнале:
Влијание на српската пропагандаСрпското влијание првенстевено се гледа во јазикот. Се предлага да се пишува на чист македонски јазик[2], но бидејќи македонскиот јазик не бил книжевно обработен, требало бугарските изрази да се заменат со српски[2] ЧленовиИзвори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia