Евровизија 1998 — 43. натпревар за избор на најдобра песна. Се одржал во Бирмингем во Обединетото Кралство на 9 мај. Учествувале 25 земји, а победила Дана Интернационал од Израел, со песната Diva.
Учество на Македонија
На оваа Евровизија, Македонија и официјално зела учество. Ја претставувал Владо Јаневски со песната „Не зори зоро“. Учеството на фестивалот било без спонзори, ТВ камери, стилист, шминкер и без ниту еден новинар од Македонија. Владо дури сам си ја купил облеката од Милано, бидејќи го одбиле од фирмата „Тетекс“. Поради помали средства, спотот за „Не зори зоро“ од МРТВ 80% е измонтиран од стари архивски снимки на планини и езера. Владо песната ја напишал за неговата тогашна девојка од Русија со која живеел во Москва.
|
---|
| Учествувале барем еднаш во последните 5 години | |
---|
| Учествувале порано | |
---|
| Неуспешен обид за учество | |
---|
|