Евровизија 2013
![]() Евровизија 2013 бил 58. избор за песна на Евровизија. Настанот се одржа во град од победничката земја на Евровизија 2012, Шведска, а според досегашните тврдења тоа е градот Малме, бидејќи има одлична инфраструктура. ![]() Прелиминарни дати се предвидени за двете полуфиналиња на 14ти и 16ти мај 2013, а финалето е планирано на 18ти мај 2013.[1] Нешто што најверојатно ќе биде карактеристично оваа година е тоа што шведскиот национален сервис одлучи да има само еден презентер на Евровизија во 2013 година, што не беше пракса изминатите неколку години. Вакво нешто последен пат беше изведено на Евровизија 1995 кога имаше само еден соло презентер. Графичкиот дизајн за 2013 година е препуштен во рацете на Gothenburg-based branding agency Happy F&B. Спонзори на Евровизија 2013 ќе биде телекомуникацискиот сервис „Телија Сонер“, како и неколку годишниот партнер „Schwarzkopf“. Земји-учесничкиДо 21 декември 2012, следните земји го потврдија нивното присуство:
Прва полуфинална вечерВо првата полуфинална вечер право да гласаат ќе имаат и Италија, Шведска и Велика Британија, како членови на големата петорка.
Втора полуфинална вечерВо втората полуфинална вечер гласаат и Германија, Франција и Шпанија, како членови на големта петорка.
Финале
Земји учеснициМакедонијаСпоред изборот на МРТВ како членка на Европската радиодифузна заедница, за претставници на Евровизија 2013 ги избра кралицата на ромската музика - Есма Реџепова и младиот Влатко Лозаноски.[8] Песната која ќе ја претставува Македонијана изборот за песна на Евровизија е „Пред да се раздени“. Песната е во џипси-поп стил, испеана на македонски и на ромски јазик. МалтаПретставничка на Малта за Евровизија 2013 е младата 17-годишна Доминик Азопаради. Младата Доминик по неколку обиди да стапне на сцената на Детскиот Евросонг, во 2013 ќе ја претставува својата земја како најмлад учесник на Евровизија.[9] ГрузијаГрузиската национална телевизија GBP за свои претставници во Малме ги избра Ноди Татишвили и Софија Џеловани.[10] УкраинаВо 2013 година во Малме свој претставник праќа и Украина. На својот национален избор победата ја однесе Злата Огневич, која ја доби шансата да ја претставува својата земја на Евровизија.[11] АлбанијаОткако Албанија се приклучи кон евровизиското семејство во 2004 година го организира националниот избор за песна на Евровизија. Според нивниот обичај песната се избира во декември на фестивалот „Festivali i Këngës“, а во 2013 претствници на Албанија се: Адријан Лулѓурај и Бледар Сејко.[12] ЛитванијаЛитванија на својот национален избор ги претстави своите пејачи, а Литванците сами одлучија нивен претставник да биде Адриус Појавис со песната „Something“.[13] Црна ГораЦрногорците на Евровизија 2013 ќе го пратат хип-хоп дуото „Who See“.[14] ШпанијаИако учеството на Шпанија на Евровизија во 2013 не беше сигурно, во последен момент националната шпанска телевизија одлучи нивни претставници во 2013 да бидат членовите од групата „El Sueño De Morfeo“.[15] БелгијаЈавниот национален сервис на Белгија ја донесе одлуката за својот претставник, а тоа е Роберто Белароса, но Белгијците имаа можност да изберат една од трите песни на фестивалот кои ги пееше Роберто. По пат на смс гласање и со помош на жирито одлучено е песната на Роберто да биде - „Love Kills“.[16] ШвајцаријаШвајцарскиот национален сервис за свои претставници го избра оркестарот Хеилсарме. Швајцарија најверојатно ќе биде земјата која го има најстариот претставник на Евровизија до сега кој има скоро 94 години, а е член на овогодинешниот евровизиски бенд на Швајцарија.[17] БелорусијаБелорусија беше првата земја која го избра својот претставник за Евровизија, со комбинација од 50/50 гласови по пат на смс и професионално жири, кои одлучија да ги претставува Алјона Ланскаја.[18] СловенијаСловенечката национална телевизија RTVSLO донесе одлука нивен претставник на Евровизија 2013 да биде Хана Манцини.[19] КипарДржавната телевизија на Кипар за своја претставничка заедно со повеќечлена комисија донесе одлука на изборот да ја прати својата млада пејачка Деспина Олимпиоу. Кипарската песна е на грчки јазик. Композитор на песната е Андреас Гиоргалис, а текстот на Зенон Зенгилис.[20] Сан МариноНационалнио т сервис на Сан Марино за своја претставничка повторно ја избра Валентина Монета со песната Crisalide, за која композитор е Ралф Сиегел, а текстот го потпишува Мауро Балестри.[21] Наводи
Надворешни врски1956 ·
1957 ·
1958 ·
1959 ·
1960 ·
1961 ·
1962 ·
1963 ·
1964 ·
1965 ·
1966 ·
1967 ·
1968 ·
1969 ·
1970 ·
1971 ·
1972 ·
1973 ·
1974 ·
1975 ·
1976 ·
1977 ·
1978 ·
1979 ·
1980 ·
1981 ·
1982 ·
1983 ·
1984 ·
1985 ·
1986 ·
1987 ·
1988 ·
1989 ·
1990 ·
1991 ·
1992 ·
1993 ·
1994 ·
1995 ·
1996 ·
1997 ·
1998 ·
1999 ·
2000 ·
2001 ·
2002 ·
2003 ·
2004 ·
2005 ·
2006 ·
2007 ·
2008 ·
2009 ·
2010 ·
2011 ·
2012 ·
2013 ·
2014 ·
2015 ·
2016 ·
2017 ·
2018 ·
2019 ·
|
Portal di Ensiklopedia Dunia