Официјални дати за двете полуфиналиња се 6 мај и 8 мај, а главното финале е планирано да се одржи на 10 мај 2014 година.[1]
Досега, 36 држави го потрвдија учеството на Евросонг 2014. На 10 мај 2013, на прес конференција од страна на организаторите во Малме, челникот на ЕБУ Јон Ола Санд, рече дека тој се надева на учество на државите кои се повлекоа од Евровизија 2013, и дека ЕБУ е во преговори со овие држави за нивно потенцијално враќање на Евровизија. Датумите кога ќе се одржат полуфиналињата се 6 и 8 мај 2014, додека финалето е планирано да биде одржано вечерта на 10 мај 2014, иако претходно датумите за одржување беа планирани за една недела подоцна. Причината поради која датите на фестивалот ее поместени е поради достапноста на салите во потенцијалните градови кандидати.
Копенхаген, Хернинг, Хорсенс, Фредериција и Алборг поставија кандидатури за одржување на фестивалот. Домаќин на Евросонг 2014 ќе биде Данската национална телевизија ДР, која ја назначи Пернил Гардбо како официјален продуцент за 2014 година. Валентина Монета, претставничка на Сан Марино во последните две години, повторно ќе ја претставува оваа мала држава на Евровизија 2014. Босна и Херцеговина и Португалија ќе се вратат на фестивалот по пауза од една година. Полска го најави своето учество по пауза од две години.
На 2 септември 2013, Данската Телевизија ДР соопшти дека го избра Копенхаген како град домаќин на Ебросонг 2014. Натпреварот ќе биде одржан во поранешното бродоградилиште Рефсхален, под мотото "Придружи ни се". Местото ќе биде реновирано и направено за да изгледа како концертна сала, додека сцената ќе биде трансформирана во "Евровизиски остров" кој ќе го служи Прес Центарот и други работи.
Градоначалникот на Копенхаген, Френк Јенсен, објави во август дека градот ќе придонесе околу буџетот со 40 милиони дански круни.
Досега, пет градови се фаворити за да бидат домаќини на оваа Евровизија, вклучувајќи ги и Хернинг и Копенхаген.[2] Стадионот Паркен, сместен во Копенхаген, беше местото каде што се одржа Евровизија 2001 и Jyske Bank Boxen, сместен во Хернинг, каде што се одржа Dansk Melodi Grand Prix 2013 беа дадени на предлог.[3]
Во разговор со Јон Ола Санд, на пресконференција од 10 мај 2013 година, најави дека разговарал и дека е можно враќање на следните земји учеснички на Евровизија 2014:
↑Mikheev, Andy (3 May2013). „Eurovision News“. ESCKaz.com. Посетено на 22 May 2013. Giržadas also spoke about considerable shortage of financing of the Lithuanian entry...However, he said that they are not planning to withdraw from the contestПроверете ги датумските вредности во: |date= (help)
Владата на нашиот Грција, објави дека е можно затворање на националниот телевизиски и радио сервис ЕРТ. Со ова, не е сигурено нивното учество на оваа Евровизија.
Казахстан преговара за да се придружи на Европскиот радиодифузен сојуз; останува да се види дали ќе стигнат на време да испратат свој претставник оваа година.
Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Селмани изјави за шведска телевизија дека кога Косово ќе добие полноправно членство во Европскиот радиодифузен сојуз ќе учествуваат и на Евровизија.
Главниот извршен директор на RTL Tele Letzebureg, Алајн Бервик, изјави дека Луксембург нема да се врати на натпреварот, поради финансиски проблеми и слабиот интерес на публиката.
Одлука во врска со враќањето на Евровизија, од Telewizija Polska (TVP) се очекува да излезе во есента 2013. Полска се откажа во 2012 поради финансии кои беа насочени на УЕФА Еуро 2012 кое се одржа во Полска и Украина.
На 1 септември кога беа запрашани на нивниот официјален твитер профил, Словачката национална телевизија „Rozhlas a televízia Slovenska (RTVS)“ тие го одбија учеството на Изборот за песна на Евровизија 2014.
На 14 септември 2013 година, генералниот директор на „Türkiye Radyo ve Televizyon Kurumu (TRT)“, Ибрахим Сахин, изјави дека не постојат планови Турција да се врати на натпреварот под сегашните услови. Незадоволство е од воведувањето на мешани жири / телевотинг систем на гласање и моменталниот статус на "Биг Пет" повторно беа наведени како причина за оваа одлука.
Радиодифузерот Андора го информирал esctoday.com дека поради финансиски причини и со помал буџет радиодифузерот одлучи да не учествува на Евровизија. Од овде Андора нема да се врати на Евровизија ни следната година.