На индонезиски, поимот „Калимантан“ се користи за целиот остров Борнео.[1]
Потекло на името
Името Калимантан е изведен од санскритскиот збор каламантана што значи „остров на горештината“ поради врелата тропска клима. Се состои од поимите кал[а] (време, доба, период) и мантан[а] (вриење, горење).[2]
Површина
Индонезискиот дел зафаќа 73% од островот и 69,5% (13.772.543 во 2010 г.) од населението. Неиндонезискиот дел на Борнео се состои од Брунеј (400.000) и Источна Малезија (5.625.000). Брунеј е мала земја, додека областа Источна Малезија се состои од сојузните држави Сабах и Саравак и сојузната територија Лабуан. Регионот во Индонезија се нарекува и Индонезиско Борнео.
Калимантан зафаќа вкупна површина од 544.150 км2.[3]