Централен Калимантан
Централен Калимантан (индонезиски: Kalimantan Tengah), е индонезиска покраина. Таа е една од петте покраини во Калимантан, индонезискиот дел на Борнео. Престолнина на провинцијата е Палангкараја и во 2010 година неговото население било над 2,2 милиони,[5] додека 2015 година покажало пораст на 2,49 милиони и најновата официјална проценка (за средината на 2019 година) е 2.649.803.[1] Стапката на раст на населението било скоро 3,0% на годишно ниво помеѓу 1990 и 2000 година, една од највисоките стапки на покраински раст во Индонезија за тоа време; во следната декада до 2010 година просечната годишна стапка на раст значително се намалила на околу 1,8%, но повторно се зголемила во деценијата на почетокот на 2010 година. Повеќе отколку што е случај во другите покраини во регионот, Централниот Калимантан е населен со Дајаците, домородните жители на Борнео. ИсторијаОд осумнаесеттиот век, централниот регион на Калимантан и неговите жители Дајаци биле владеани од муслиманскиот султанат Банџар. По индонезиската независност по Втората светска војна, дајачките племиња барале покраина одвоена од покраината Јужен Калимантан.[6] Во 1957 година Јужен Калимантан бил поделен за да му обезбеди на дајачкото население поголема автономија од муслиманското население во покраината. Промената била одобрена од индонезиската влада на 23 мај 1957 година според претседателскиот закон бр. 10 година 1957 година, со кој Централниот Калимантан бил прогласен за седумнаесетта покраина на Индонезија. Претседателот Сукарно го назначил дајачкиот националени јунак, Тјелик Ривут за прв гувернер и Палангкараја за главен град на покраината.[7]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia