Мали Сундски Острови
![]() Мали Сундски Острови или Мали Сунди (индонезиски: Kepulauan Nusa Tenggara „југоисточен архипелаг“[1] или Kepulauan Sunda Kecil „мал сундски архипелаг“[2]) — архипелаг во Југоисточна Азија, северно од Австралија. Заедно со Големите Сундски Острови (на запад) на образуваат поголемата група на Сундските Острови. Островите се дел од вулканскиот лак наречен Сундски Лак, настанат по пат на подвлекување долж Сундскиот Ров во Јаванското Море. Најголеми острови во архипелагот (од запад кон исток) се: Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес, Сумба, Тимор, Алорските Острови, Барат Даја и Танимбар. УправаНајвеќето острови се во состав на Индонезија, и тоа покраините Бали, Западни Мали Сундски Острови, Источни Мали Сундски Острови и јужниот дел на Малуку. Источната половина на Тимор му припаѓа на Источен Тимор. ГеологијаМалите Сундски острови во геолошки поглед се делат на два архипелага.[3] Северниот архипелаг, во кој влегуваат Бали, Ломбок, Сумбава, Флорес и Ветар е од вулканско потекло. Некои вулкани се активни и денес, а други се згаснати веќе подолго време. Пример за првите е Ринџани на Ломбок, а пример за вторите е Келимуту на Флорес, со трите разнобојни кратерски езера. Северниот архипелаг настанал за време на плиоценот пред околу 15 милиони години како последица од судирот помеѓу Австралиската и Азиската Плоча.[3] Островите на јужниот архипелаг како што се Сумба, Тимор и Бабарските Острови се невулкански, и ѝ припаѓаат на Австралиската Плоча.[4] Геологијата и екологијата на северниот архипелаг дели доста сличности со јужните Молучки Острови, кои го продолжуваат истиот островски лак кон исток. ЕкологијаГрупата се состои од поголем број мали острови, напати поделени со длабоки океански ровови. Размената на растителниот и животинскиот свет помеѓу нив е ограничена, што довело до висок степен на автохтоност на видовите, меѓу кои најпознат е комодскиот варан (Varanus komodoensis).[5] Според Алфред Волес (Малајскиот Архипелаг), меѓу Бали и Ломбок минува т.н. Волесова Линија, која се протега по длабоките води на Ломбочкиот Проток, образувајќи водна препрека дури и во далечното минато, кога островите биле копнено поврзани поради пониското морско ниво. Островите источно од протокот се дел од биогеографското подрачје Волесија, и имаат флора и фауна од азиско и австралазиско потекло.[6] На Малите Сундски Острови преовладуваат азиските видови; источно од групата се протега Веберовата Линија, која ја отцртува границата помеѓу деловите од Волесија со претежно азиски и претежно австралазиски видови. Овие острови се одликуваат со најсува клима во Индонезија. ГалеријаПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
9°00′S 120°00′E / 9.000°S 120.000°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia