Камара
Камара (грчки: Καμάρα) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало северно од Балџа и јужно од Воловод. ИсторијаВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Камара (Camara) било село со 15 домаќинства сочинети од 73 жители Грци.[1] На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Камара (Kamara) имала 88 Македонци и 5 Грци.[2][3] По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. во селото се заведени 10 лица, кои во 1920 г. нараснале на 49.[4] Во меѓувреме изгледа дека селото се распаднало. Тоа не се спомнува на пописот од 1928 г., а во 1940 г. се води со само 7 жители, што, според Тодор Симовски, ова укажува на фактот дека тогаш веќе било приватен имот.[4] Камара подоцна не се спомнува, што значи дека е отпишана. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia