Ени Маала (Солунско)
Ени Маала (грчки: Πετρωτό; до 1926 г. Γενή Μαχαλά, Ени Махала[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле. Лежи на левиот брег на реката Галик, во северното подножје на планината Балџа. ИсторијаНад селото е сместена тврдината Кале,[3] која била утврдена населба во средниот век. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени махала, Лагадинска каза, живееле 120 Турци.[4] По Блаканските војни во 1913 г. Ени Маала влегло во состав на Грција со гласно Букурешкиот договор. Таа година имало 85 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 53.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понд.[5] Според пописот од 1928 г. Ени Маала било дојденско село со 21 семејства сочинети од 83 лица.[6] Во 1926 г. селото е преименувано во Петрото. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia