Нареш
Нареш (грчки: Νέα Φιλαδέλφεια, Неја Филаделфија, до 1927 г. Νάρες, Нарес;[2] од 1927 до 1967 г. Φιλαδελφειανά, Филаделфијана[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 923 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[4] ГеографијаСелото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на десниот брег на реката Галик, југоисточно од Горчливото Езеро. Оддалечено е 20 км северно од Солун, крај патот од Солун за Кукуш.[4] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоКај Нареш е откриен Нарешкиот натпис — граничен натпис од X век изрежан во камен столб со кој се означува границата на Византија. На крајот од XIX век Нареш било чисто македонско село во Солунската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 200 жители, сите Македонци христијани.[5][6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото Нареш (Nariche) имало 168 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.[5][7] Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Нареш имало 13 куќи, од кои 8 биле на Македонци-христијани и 5 на Роми-муслимани.[8] Во ГрцијаСелото настрадало во Втората балканска војна од жестокостите на грчката војска, и поради тоа во 1913 г. се води како напуштено. Истата година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По извесно време, дел од населението се повратило во селото, поради што во 1920 г. се попишани 62 жители.[4] По 1922 г. грчките власти тука населиле грчки колонисти од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1926 г. името му е сменето во Филаделфијана. Според пописот од 1928 г. Нареш било етнички мешано (македонско-дојденско) село со вкупно 555 жители,[4] од кои 339 жители (106 семејства) биле дојденци.[9] Во 1967 г. е одново преименувано, овојпат во Неја Филаделфија, по грчкото име (Филаделфија) на местото Алашехир во Турција од каде потекнувале колонистите. Според пописот од 1961 г. непосредно до селото имало нова дојденска населба со 40 жители, која отпрвин го носела македонското име на старото село, за во 1963 г. да биде преименувана во Дилофо (во прев. „два рида“). На следниот попис не се споменува како населено место бидејќи жителите се иселиле.[4]
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia