Дремиглава
Дремиглава или Дремиглав (грчки: Δρυμός, Дримос, до 1927 г. Σιδηροκέφαλον, Сидирокефалон;[2] до 1926 г. Δρυμίγκλαβα, Дремиглава[3]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.659 жители (2011), од кои сите се Македонци, иако од поодамна погрчени.[4] ГеографијаСелото е сместено во северозападниот дел на Лагадинското Поле, 7 км северно од Ајватово, 8 км северозападно од Лагадина и 15 км северно од Солун. Има неколку маала: Ангел, Платан (Платанус), Метох (Митох), Бари (Барис) и Скини (Скинис).[5] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Дремиглава било македонско село во процес на погрчување, бидејќи тука уште одамна почнала да работи грчката пропаганда. На самиот почеток на XX век е забележано:
Во 1820 г. попот Димитрис Златанос (Димитар Златановски) во Дремиглава отворил училиште за сиромашни деца. Во 1840 г. со средства на селаните е изградена училишна зграда, обновена во 1876 г. и одново изградена помеѓу 1900 и 1913 г.[5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дреми глава (Dremi-glava) Дремиглава е „грчко“ (погрчено македонско) село од 182 домаќинства со 771 жител.[8] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дремиглав живееле живеят 1.300 „Грци“ (погрчени Македонци).[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дармос (Дреми глава) (Darmos Dremi-Glava) имало 2.000 жители „Грци“ (погрчени Македонци) и во селото работело грчко училиште.[10] Жителите на селото зеле активно учество во Грчката вооружена пропаганда во Македонија.[5][11] Според грчкиот пропагандистички просветар Димитриос Сарос во 1906 г. Дремиглава (Δρυμίγκλαβα) било гркојазично село во Солунската митрополија со 2.400 жители со грчка национална свест. Во него работеле шестгодишно грчко училиште и детска градина со 188 ученици и 4 учители.[12] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 г. Дремиглава е окупирана од бугарската војска. Селото го посетувале андарти и агитатори, кои ги терале селаните не не ѝ се потчинуваат на бугарската власт.[13] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година тука се попишани 2.162 жители кои во 1920 г. се намалиле на 1.913 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Сидирокефалон, а во 1927 г. во Дримос. На пописот во 1928 г. Дремиглава имала 2.007 жители, и останала етнички непроменета. бидејќи тука власта не биле доселувала грчки колонисти (сметајќи го селото за веќе „грчко“).[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоВо селото се произведува тутун, жито и други земјоделски производи.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia