Даутбал (општина)
Даутбал (грчки: Δήμος Ωραιοκάστρου, Димос Ореокастру) — општина во Солунскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Даутбал. Населени местаОпштината Даутбал е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Даутбал, Мигдонија, Калитеја. Напомена: Називите на општинските единици „Мигдонија“ и „Калитеја“ не се однесуваат на ниедно постоечко место. Првата е наречена според горномакедонската област Мигдонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Втората има произволен грчки назив. Општинска единица Даутбал![]() Општинската единица Даутбал го опфаќа само градот Даутбал (Ωραιόκαστρο, Ореокастро) во областа Вардарија. Општинска единица Калитеја![]() Општинската единица Калитеја со седиште во Градобор (Пендалофос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Вардарија:
Општинска единица Мигдонија![]() Општинската единица Мигдонија со седиште во Ајватово (Лити) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Поранешни селаНа територијата на општината се наоѓаат и четири поранешни села: Камара, Карипци, Прнар и Трите Ана. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia