Карлос Вела
Карлос Алберто Вела Гаридо (роден на 1 март 1989, во Канкун) — мексикански фудбалер, напаѓач на ФК Лос Анџелес. БиографијаКарлос Алберто Вела Гаридо е роден на 1 март 1989 година во Канкун, Кинтана Ро, Мексико како дете на Енрике Вела, заварувач на железо од Кампече и Нела Гаридо, мајка-домаќинка од Табаско.[3] Неговиот татко играл полупрофесионален фудбал, но повредата предизвикана од скинати лигаменти го натерала да се пензионира. Токму таткото на Карлос го запишал во локалните фудбалски клубови. Неговиот прв клуб бил Ко Ча Волис,[4] што во превод значи „Шутни ја топката“ на мајански јазик. Тој научил многу и постигнал значителен развој и напредок во текот на времето поминато таму, според Феликс Алкала, неговиот тренер во тоа време.[3] Во училиште, Вела играл и кошарка и фудбал истовремено, што предизвикало многу проблеми меѓу неговите тренери. Неговиот татко го натерал на 12-годишна возраст да одлучи и да се фокусира само на еден спорт, а Вела го избрал фудбалот. Енрике Вела бил фрустриран од фактот што неговиот син не бил скаутиран поради тоа што живеел во Канкун. Отприлика во исто време, Хосе Луис Реал од младинскиот систем на Гвадалахара испратил извидници во Канкун во 2001 година, на кои Вела им го привлекол вниманието. Тој бил повикан на младински турнир во Буенос Аирес со Гвадалахара како мал пробен период со неплатени трошоци. Во 2003 година, за време на еден локален натпревар одржан во Сиудад Викторија, Вела бил виден и му биле претставени понуди од локални клубови од Примера Дивисион. Тој на крајот се приклучил за Гвадалахара во 2003 година, иако никогаш не добил повик во првиот тим на клубот, со што не можел да го направи своето професионално деби во Мексико.[3] Клупска кариераГвадалахараКариерата на Вела започнала во Гвадалахара, каде играл заедно со неговиот брат Алехандро. Откако го освоил Светското првенство за играчи под 17 години со Мексико, на кое завршил и како најдобар стрелец со пет гола, Хорхе Вергара, сопственикот и претседател на Гвадалахара потпишал договор со него. Бидејќи семејството на Вела живеело тогаш во неодамна погодениот од бура Канкун,, тој побарал од клубот да им помогне на неговите да преселат како услов за неговиот потпис. Вела претходно ја покажал својата голема наклонетост кон својот татко, чиј роденден бил на денот кога Мексико го победил Бразил во финалето на СП У17, носејќи го пехарот на татко му на кого ја посветил и Златната копачка.[5] АрсеналПо настапот на Светското првенство под 17 години, Вела го привлекол вниманието на неколку европски клубови, за на крајот Арсенал да излезе како победник во трката по него, обезбедувајќи го неговиот потпис во ноември 2005 година за обесштетување од 125.000 фунти, кои би се зголемиле на 550.000 фунти кога тој ќе одигра 50 натпревари за првиот тим.[6] Сепак, поради британските ограничувања за работна дозвола за личности кои не се граѓани на Европската Унија, тој не бил во можност да игра во Англија, па поради тоа, брзо бил испратен на заем во Селта Виго во февруари 2006 од каде се вратил подоцна без да одигра ниту еден натпревар.[7] Саламанка и ОсасунаПо завршувањето на сезоната со Селта, Вела потоа бил испратен на нов заем, овојпат кај Саламанка во шпанската втора лига, до крајот на сезоната 2006–2007.[8] Откако престојот таму се покажал како успешен, постигнувајќи осум гола, и учествувајќи во акциите за многу од 53-те постигнати голови на Саламанка,[9] голем број на клубови, од првата лига, како Леванте, Осасуна и Алмерија покажале интерес да го добијат Вела на заем од Арсенал, каде што тој сè уште не можел да игра бидејќи уште немал добиено работна дозвола.[10] На крајот била договорена едногодишна позајмица во Осасуна, со опција за продолжување на уште една година, без опција трансферот да премине на трајна основа.[10][11][12] На 31 октомври 2007, тој го постигнал својот прв гол за Осасуна во натпреварот против Реал Бетис, изведба која му донела пофалби од шпанските медиуми.[13] Враќање во Арсенал и заемот во Вест Бромвич Албион![]() На 22 мај 2008 година, Вела конечно добил работна дозвола која му овозможила да игра во Англија. Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, потврдил дека Вела ќе биде вклучен во првиот тим за наредната сезона и дека гледал на играчот како напаѓач од калапот на Едуардо.[14][15] Вела го направил своето деби за Арсенал на 30 август 2008 година, во натпреварот од Премиер лигата против Њукасл Јунајтед, влегувајќи како замена за Робин ван Перси во 63-тата минута. На 17 септември, тој дебитирал во Лигата на шампионите во натпреварот на гости кај Динамо Киев (1-1), одново заменувајќи го ван Перси на седум минути пред крајот. Дебито во почетната постава го имал на 23 септември 2008, против Шефилд Јунајтед во Лига купот, постигнувајќи хет-трик во натпреварот кој завршил со победа на Арсенал од 6-0, а неговиот втор гол бил изгласан како еден од „најубавите 50 гола“ на Арсенал.[16] Натпреварот останал запомнет и по тоа што настапил најмладиот тим во историјата на Арсенал досега, со просечна возраст од 19 години.[17] На 8 март 2009 година, во натпреварот петтото коло на ФА Купот против Барнли, Вела го постигнал првиот гол за топџиите во победата од 3–0 погодувајќи ја мрежата откако претходно ја префрлил топката преку голманот на гостите.[18] Својот прв гол во Премиер лигата за Арсенал, го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето кај Портсмут на 2 мај 2009 година,[19] станувајќи само вториот мексикански играч кој постигнал гол во Премиер лигата, по Џаред Боргети. Првата сезона во Арсенал ја завршил со 29 настапи и 6 гола во сите натпреварувања. ![]() Вела го пропуштил претсезонскиот подготовителен период на Арсенал за сезоната 2009–2010 откако доживеал повреда на зглобот поради која бил надвор од терените до септември. Тој се вратил во акција на 22 септември 2009, влегувајќи од клупата за резерви во победата на Арсенал со 2–0 над Вест Бромвич Албион во Лига купот, асистирајќи за првиот и одбележувајќи го вториот гол на топџиите. На 21 ноември, тој го направил својот прв настап за сезоната во Премиер лигата на гостувањето кај Сандерленд, играјќи 21 минута, откако го заменил Едуардо. На 10 декември, Вела го обновил својот договор со Арсенал.[20] На 4 мај 2010 година, Вела го одбележал својот 50-ти натпревар во дресот на Арсенал, во дуелот против Блекбурн Роверс. На 9 мај, тој го постигнал четвртиот гол во победата со 4-0 над Фулам во Премиер лигата. Сезоната 2010-2011, Вела ја започнал добро постигнувајќи го првиот гол за сезоната во победата со 4-1 на домашен терен над Болтон Вондерерс на 11 септември 2010.[21] Четири дена подоцна, повторно влегувајќи од клупата за резерви, тој посигнал два гола гола, негови први во кариерата во Лигата на шампионите, во победата со 6-0 над португалската екипа Брага.[22] Сепак, како сезоната одминувала тој добивал се помала минутажа, што ги засилило шпекулациите дека наскоро ќе си замине од Арсенал. На 28 јануари 2011 година, Вела му се приклучил на Вест Бромвич Албион на позајмица до крајот на сезоната 2010-2011. Тој го направил своето деби на 1 февруари 2011 година, во ремито 2–2 против Виган Атлетик, играјќи 58 минути од натпреварот.[23] Тој го постигна својот прв гол за дроздовите во неговиот трет натпревар за клубот, на 20 февруари 2011 година, против локалниот соперник Вулверхемтпон Вондерерс во дербито на црната провинција, влегувајќи од клупата за да го постигне израмнувачкиот погодок во 92-рата минута од натпреварот кој завршил 1-1. До крајот на позајмицата, Вела постигна уште еден гол за Вест Бромвич и пак во последните минути, од натпреварот против Стоук Сити за уште едно реми со резултат 1-1.[24] Реал Сосиедад![]() На 15 август 2011 година, Арсенал објави дека Вела ќе биде позајмен на шпанскиот клуб Реал Сосиедад.[25] Договорот бил потврден на 17 август 2011.[26] На 4 декември 2011 година, Вела постигнал гол со удар со ножички, негов втор за сезоната, за да го израмни резултатот во натпреварот против Малага пред соиграчот Диего Ифран да постигне доцен победнички гол за победа на Реал Сосиедад од 3–2. Вела, исто така, го постигнал единствениот гол за Реал Сосиедад во поразот со 2–1 од Барселона, што бил негов трет гол за сезоната.[27] На почетокот на февруари 2012 година започнале да се појавуваат гласини за иднината на Вела во Арсенал, тврдејќи дека тој самиот дека сака да остане во Шпанија со Реал Сосиедад. Вела е цитиран како вели: „Не сакам да се вратам во Арсенал. Го замолив мојот агент да преговара со Арсенал за да останам тука“.[28] Откако забележал над 30 настапи во сите натпреварувања и постигна 12 гола, во сезоната на заем, Вела направил перманентен трансфер во Реал Сосиедад на 17 јули 2012 година, за необјавена сума.[29] За време на сезоната 2012-2013, играјќи главно како десно крило, Вела успеал дури да ги подобри постигнувањата од претходната сезона постигнувајќи 14 гола на 35 настапи во шпанската Примера Дивисион. Сезоната 2013-2014, била неговата најдобра во Европа; тој постигнал 16 гола во првенството, вклучително и четирите во победата со 4-3 над Селта Виго на 23 ноември 2013.[30] Тој, исто така, играл и во Лигата на шампионите, каде го постигнал и својот прв гол после три години, во поразот со 2-1 на гости кај Бајер Леверкузен во групната фаза. На 10 април 2017 година, Вела го одиграл својот 200-ти лигашки натпревар за Реал Сосиедад во победата со 3-1 над Спортинг Хихон, со што станал втор странски играч со најмногу настапи за клубот зад Дарко Ковачевиќ.[31] На 8 август 2017 година, Реал Сосиедад објавил дека постигнале договор со клубот од МЛС, ФК Лос Анџелес, за трансфер на Вела во САД на почетокот на 2018 година.[32] На 20 декември 2017 година, Вела го одиграл својот последен натпревар за Реал Сосиедад, постигнувајќи го последниот гол во победата со 3–1 над Севиља.[33] ФК Лос АнџелесНа 8 август 2017 година, било објавено дека Вела потпишал за Лос Анџелес, со што станал првиот назначен играч на новиот клуб член на МЛС лигата.[34][35] Тој му се приклучил на клубот во јануари 2018. На 4 март 2018 година, Вела го направил своето деби со Лос Анџелес, давајќи асистенција за голот на Диего Роси во победата на тимот со 1–0 над Сиетл Саундерс.[36] На 10 март, Вела го постигнал својот прв гол за Лос Анџелес, последниот во победата со 5–1 над Реал Солт Лејк.[37] На 31 март, Вела станал првиот играч кој постигнал гол во дербито „Ел Трафико“ против ЛА Галакси; ги постигнал првите два гола на натпреварот во драматичниот пораз со 3–4.[38] На 13 април, тој го постигнал првиот гол во победата со 2–0 над Ванкувер Вајткепс.[39] На 26 јули 2018 година, откако било спроведено популарно гласање на Твитер, Вела бил изгласан за капитен на МЛС екипата во пресрет на МЛС Ол-стар натпреварот против Јувентус;[40] со оглед на тоа дека натпреварот бил од ревијален карактер, тој го одиграл само првото полувреме пред да бид заменет при резултат 1–1, што се испоставил и конечен исход од натпреварот во кој МЛС XI загубиле по изведување пенали со 5–3.[41] По заминувањето на капитенот на клубот Лорен Симан, Вела бил избран да го наследи како капитен.[42] На 22 септември 2018, Вела обезбедил две асистенции за соиграчот Вокер Цимерман во победата со 2–0 над Сан Хозе Ертквејкс.[43] На 12 октомври, во првенствениот натпревар против Хјустон Дајнамо, тој бил вклучен во сите голови на неговиот тим во победата од 4–2, бидејќи постигнал два гол и обезбедил две асистенции.[44] Регуларниот дел од сезоната, неговата прва со Лос Анџелес, Вела го завршил со двоцифрен број голови (14) и асистенции (13) помагајќи му на клубот да го освои третото место во Западната конференција и да се пласираат во плејофот на МЛС купот.[45] Сепак, таму биле елиминирани уште во нокаут рундата, откако загубиле на домашен терен од Реал Солт Лејк со 2-3.[46] Во ноември 2018, тој бил избран во Најдобрите XI на МЛС за 2018 година.[47] Пред почетокот на сезоната 2019, било објавено од шпанскиот весник Mundo Deportivo дека постоел интерес шпанскиот клуб Барселона да го доведе Вела на позајмица,[48] при што самиот тој на крајот открил дека „било навистина блиску“ да се случи.[49] На 30 март 2019 година, Вела го постигнал својот прв хет-трик со Лос Анџелес во победата од 5–0 на гости против Сан Хозе Ертквејкс.[50] Вела ги постигнал двата гола во поразот со 2–3 од градскиот ривал ЛА Галакси на 19 јули; неговиот прв гол бил негов вкупно 20-ти гол во МЛС и тој станал најбрзиот играч во историјата на лигата кој стигнал до таа бројка.[51] Тој бил избран за капитен на тимот што го претставувал МЛС, втора година по ред, во МЛС Ол-стар натпреварот 2019 против Атлетико Мадрид.[52] Со неговиот гол против Атланта Јунајтед на 26 јули, Вела се израмнил со Ерик Торес како мексиканци со најмногу постигнати голови во историјата на МЛС со 36 гола.[53] На 17 август, Вела го постигнал својот 24-ти гол во МЛС 2019 од пенал во победата со 2–0 на гостински терен над Реал Солт Лејк, со што Лос Анџелес обезбедиле место во плејофот. Со овој гол, Вела го срушил рекордот на Себастијан Џовинко од 2015 година за најмногу комбинирани голови и асистенции во една МЛС сезона, стигајќи до 39 (24 гола и 15 асистенции), еден повеќе од Џовинко кој имал учинок од 38 (22 гола и 16 асистенции).[54][55][56] На 25 септември, Вела го постигнал воведниот гол во победата од 3–1 на домашен терен над Хјустон Дајнамо од пенал; победа со која Лос Анџелес го освоиле MLS Supporters' Shield трофејот за првпат во нивната историја.[57] На 29 септември, Вела го постигна својот 31-ви гол за сезоната во МЛС во ремито 1–1 на гости против Минесота Јунајтед, израмнувајќи го рекордот на Хосеф Мартинес за најмногу голови во една сезона во МЛС.[58] Тој го соборил рекордот на Мартинес на 6 октомври, кога постигнал хет-трик во победата од 3–1 на домашен терен над Колорадо Рапидс. Сезоната ја завршил со рекордни 34 гола и 15 асистенции, поставувајќи рекорд од комбинирано вкупно 49 голови+асистенции,[59] што му ја донело и наградата Златна копачка на МЛС за најдобар стрелец во лигата.[60] Во плејоф, на 24 октомври, Вела постигнал два гола и асистирал еднаш во победата со 5–3 на домашен терен над ЛА Галакси во полуфиналето на Западната конференција.[61] Лос Анџелес бил елиминиран во финалето на Западната конференција, по поразот на домашен терен со 3–1 од Сиетл Саундерс на 29 октомври, во кој влијанието на Вела било силно задушено од противничкиот тим, кој ја држел топката подалеку од него; како таков, тој упатил само еден удар кон голот во текот на целиот натпревар.[62] Вела ја завршил сезоната 2019, добивајќи ја наградата за најкорисен играч во МЛС за неговите настапи,[63] победувајќи со значителна разлика над ривалот од Галакси Златан Ибрахимовиќ и напаѓачот на Атланта Јунајтед, Хосеф Мартинес.[64] Тој, исто така, завршил меѓу првите десет светски стрелци со 38 гола.[65] Репрезентативна кариераМлади репрезентацииВела играл на Светското првенство за играчи под 17 години 2005, одржано во Перу, каде што му помогнал на Мексико да победи. Тој постигнал три гола во групната фаза, еден против Уругвај во победата од 2–0 и два против Австралија во победата од 3-0. Тој, исто така, го постигнал последниот гол на Мексико во победата од 3–1 по продолженија против Костарика во четвртфиналето, и откако стигнал до финалето против Бразил, тој го постигнал првиот гол на Мексико во нивната победа од 3–0. Последователно, тој завршил како најдобар стрелец со пет гола, освојувајќи ја Златната копачка.[5] Вела бил дел од репрезентацијата на Мексико под 20 години која учествувала на Светското првенство во споменатата возраст. Сениорска репрезентацијаВела го направил своето деби за сениорската репрезентација на Мексико додека играл на заем во Осасуна, на 12 септември 2007 година, во пријателски натпревар против Бразил, загубен со 3-1.[66] На 18 октомври 2007 година, тој го постигна својот прв репрезентативен гол за Мексико во друг пријателски натпревар против Гватемала во Лос Анџелес.[67] Тој, исто така, постигнал гол и во првиот квалификациски натпревар за репрезентацијата, победата со 2-0 над Белизе во јуни 2008, постигнувајќи уште еден гол против истиот противник два месеци подоцна во победата со 7-0; и двата натпревари биле во склоп на квалификациите за Светското првенство 2010. Во јули 2009 година, Вела бил повикан да го претставува Мексико на КОНКАКАФ Голд купот 2009. Тој го започнал првиот натпревар на мексиканците против Никарагва, но по пет минути од натпреварот бил фаулиран од противнички играч, по што тој незгодно паднал на десната нога. Сепак, рендгенските снимки покажале дека тој не скршил ништо и дека ќе може да продолжи да игра на турнирот.[68] Мексико се пласирале во полуфиналето против Костарика, и тоа бил натпреварот во кој Вела го направил своето враќање на терен, влегувајќи како замена во 81-вата минута. Натпреварот завршил нерешено 1-1 и отишол во продолженија, па потоа и на пенали, каде откако мексиканскиот голман Гиљермо Очоа му го одбранил пеналот на Фројлан Ледесма, Вела го постигнал петтиот пенал за Мексико и ги однел во финалето. Во финалето против САД, Вела влегол на полувремето на местото на Алберто Медина при резултат 0–0. Во продолжение, мексиканците го "прегазиле" САД со 5-0, а влијанието на Вела било огромно; тој му додал на Џовани дос Сантос, кој бил фаулиран за пенал од кој паднал првиот гол, потоа бил креатор на акцијата за вториот гол, успеал да го постигне третиот и да асистира за четвртиот.[69] Следното лето, тој бил повикан во составот на Мексико за Светското првенство 2010 во Јужна Африка, неговото прво во кариерата. Во воведниот натпревар на турнирот против домаќинот Јужна Африка, тој започнал како лево крило, и играл до 69-тата минута кога бил заменет од Куаутемок Бланко во ремито 1-1. Во следниот натпревар од групата против Франција, Вела бил заменет од Пабло Барера во 31-вата минута поради повреда и ги пропуштил следните натпревари против Уругвај, како и против Аргентина во осминафиналето, после кој мексиканците биле елиминирани.[70][71] По период од повеќе од три години (2011-2014) во кои не играл за репрезентацијата, пропуштајќи го и Светското првенство 2014 за кое самиот тој рекол дека „не бил „100 проценти ментално подготвен за да го игра“, Вела конечно го направил своето враќање во мексиканскиот дрес на 12 ноември 2014, постигнувајќи два гола во победата со 3-2 над Холандија во пријателски натпревар одигран во Амстердам.[72] Потоа, Вела бил повикан да учествува на КОНКАКАФ Голд купот 2015,[73] постигнувајќи гол на воведниот натпревар на тимот против Куба на 9 јули.[74] На 15 јули, Вела го постигнал својот втор гол во натпреварувањето во ремито 4-4 против Тринидад и Тобаго. Во четвртфиналните и полуфиналните натпревари против Костарика и Панама, соодветно, Вела добил два жолти картони, што значело дека ќе го пропушти финалето против Јамајка,[75] во кое мексиканците и без него оствариле победа од 3-1.[76] Тој потоа бил повикан од Рикардо Ферети за КОНКАКАФ купот - плејоф натпревар за да се одреди репрезентација на КОНКАКАФ зоната која ќе ја претставува конфедерацијата на Купот на конфедерации 2017 - против САД, каде што бил неискористена замена во победата на Мексико од 3-2.[77] ![]() Во мај 2017 година, тој бил повикан од Хуан Карлос Осорио во списокот со играчи за учество на Купот на конфедерации во Русија.[78] Започнувајќи како стартер во првиот натпревар на Мексико во групната фаза против Португалија, тој обезбедил асистенција за Хавиер Ернандес кој го постигнал првиот гол во натпревар кој на крајот завршил нерешено 2-2.[79] Во продолжение на турнирот, тој се појавил во игра уште во последниот натпревар од групната фаза против Русија и во натпреварот за третото место, загубен со 2-1 по продолженија од Португалија.[80] Во јуни 2018 година, Вела бил вклучен во конечниот список со 23 играчи на мексиканската репрезентација за Светското првенство 2018, неговото второ во кариерата.[81] На 23 јуни, во вториот натпревар од групната фаза против Јужна Кореја, тој од пенал го постигнал првиот гол за својата репрезентација во победата од 2-1; тоа, исто така, бил и неговиот прв гол на Светско првенство.[82] Тој ги одиграл сите натпревари од групната фаза како и осминафиналниот пораз од Бразил, со кој завршил патот на Мексико на овој турнир.[83] Настапот против Бразил во осминафиналето се покажал и негов последен натпревар за репрезентацијата. По селекторската смена во Мексико, заминувањето на Осорио и враќањето на Ферети на кормилото, вториот најавил дека нема повеќе да смета на Вела, а овој изјавил дека ќе ја почитува неговата одлука и им посакал среќа.[84] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 17 јануари 2025.
Репрезентативна статистикаСтатистиката е ажурирана на 17 јануари 2025.
Хет-трикови
Рекорди
ТитулиКлупскиФК Лос Анџелес
Репрезентативни
Поединечни
Белешки
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia