Коеј
Во старогрчката митологија, Коеј /ˈsiːəs/ (старогрчки: Κοῖος, Којос, "прашање") бил еден од Титаните, џиновските синови и ќерки на Уран (Небото) и Геја (Земјата). Негов еквивалент во латинската поезија—иако слабо се појавува во римската митологија[1]—бил Полиј,[2] олицетворение на небесната оска околу која се врти рајот. МитологијаКако повеќето Титани, Коеј немал активна улога во старогрчката религија - се појавува само во списокот на Титани[3]—ама првенствено бил значаен за неговото поколение Со неговата сестра, "блескавата" Феба, Коеј ги добил децата Лето[4] и Астерија.[5] Иако не е експлицитно објаснето, Лелант се кажува како син на Коеј. Лето со Зевс (синот на титаните Крон и Реја) ги зачнала и ги родила Артемида и Аполон. Ако се знае дека Феба ја симболизира пророчката мудрост а Коеј ја претставува разумната интелигенција, двајцата заедно можеби го сочинувале целото знаење во космосот. Заедно со другите Титани, Коеј бил победен за време на Титаномахијата од страна на Зевс и потоа фрлен во Тартар. Затворен во Тартар, Коеј полудел и ги скинал синџирите сакајќи да побегне од подземјето, но бил запрен во намерата од страна на Кербер.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia