Олимпија (град)
Олимпија (грчки: Ολυμπία Olympí'a, Olimpia, Olimbia) било едно од најголемите светилишта на Зевс во старогрчката митологија. Во текот на антиката, на Олимпија биле одржувани Олимписките игри[1]. Олимписките игри се одржувале на секои четири години, а првите Олимписки игри се одржиле во 776 п.н.е. Истите биле забранети од страна на римскиот цар Теодосиј I во 394 година, бидејќи се сметало дека тие претставуваат остаток од паганството. На оваа место во древноста се наоѓала и најголемата статуа на Зевс, која претставува дел од седумте светски чуда на античкиот свет, која изгорела во пожар. Денеска, местото се наоѓа во Префектура Елис, во северозападниот дел од Пелопонез, по долината на реката Алфеј и нејзината притока Кладеон. Денеска градот брои околу 11.000 жители, според пописот од 2001 година. Денеска Олимпија е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО. План![]() Ризници. I: Сикион – II: Сиракуза – III: Епидамн ? – IV: Византион ? – V: Сибарис ? – VI: Кирена ? – VII: неутврдено – VIII: Олтар ? – IX: Селинунт – X: Петапонт – XI: Мегара – XII: Гела Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia