Хемера
Хемера (старогрчки: Ἡμέρα, Hêméra, што означува „ден“) е божица на денот и на дневната светлина. Според старогрчката митологија таа е една од исконските богови. ТеогонијаТаа е божица на денот и според Хесиод, ќерка на Ереб и на Никта (божица на ноќта).[1] Според Теогонија на Хесиод, Хемера го напуштила Тартар токму кога таму влегла Никта. Кога Хемера се вратила, Никта си заминала:[2]
Други авториХемера е забележана во делото на Цицерон, За природата на денот (латински: De Natura Deorum)[3] Поетот Бахилид тврди дека Никта и Хронос ѝ се родителите, но Хигин во неговиот предговор во делото Басни (латински:Fabulae) го споменува Хаос како мајката/таткото и Никта како нејзина сестра. Нејзин брат и сопруг е Етер (Светлина) но ниеден од нив не фигурира активно во некој мит или култ. Хигин ја смета за мајка на Уран, Геја и Таласа (исконската божица на морето), додека кај Хесиод само Таласа се појавува како нивно дете. Павзаниј се чини ја меша со Еос (божица на зората) кога вели дека таа го понесла Кефал (види: Митот за Еол и Кефал). Тој истото го повторува и во Амиклај и во Олимпија при гледање на статуите и илустрациите каде Еос (Хемера) е присутна. Извори
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia