Хекатонхири![]() Во старогрчката митологија, Хекантохирите (на старогрчки Ἑκατόνχειρες), "сто раце", од ἑκατόν, "сто" и χείρ, " рака ", првенствено се тројцата синови на Уран (Небото) и Геја (Земјата). Зевс ги назначил за чувари на Тартар, затвор кој се наоѓа во подземјето, на местото на Кампос. Грчкиот мит
Во старогрчката митологија, Хекатонхирите се викаат Бријареј, Кот и Гиг. Секој од нив има сто раце и педесет глави кои плукаат оган. Тие, исто така, се браќа на Титаните и на Киклопите[1]. Нивниот татко, Уран, се плашел од нив и ги мразел, иако му биле деца. Тој ги фрлил во Тартар, Крон, синот на Уран ги ослободил неговите браќа Хекатонхири како и киклопите од Тартар за да му помогнат да го порази нивниот татко и да го симнат Уран од престолот. Но и Крон почнал да се плаши и ги затворил во Тартар. Тие повторно биле оттаму ослободени од еден од синовите на Крон, Зевс, идниот владетел на Олимп за да му помогнат во Титаномахијата. Титаните, поразени, биле фрлени во Тартар, чии чувари станале Хекатонхирите. Тие воедно му ја изградиле палатата на Зевс[2]. Потоа, се среќаваат во неколку легенди, каде интервенираат за да се врати редот на Олимп. Всушност, Хекатонхирите му помогнале на Зевс да обезбеди контрола на Олимп, давајќи му го громот и молњата[3]. Една друга легендата се однесува само на Бријареј. Таа раскажува за заговорот на Хера, Атена и Посејдон кои се обиделе да го врзат во синџири Зевс. Нереидата Тетија, го предупредила господарот на Олимп за опасноста и за да го одбрани, ги повикала Хекатонхирите. Бријареј, најпознат од трите чудовишта, ги исплашил тројцата конспиратори и го спречил, заговорот. За да му се заблагодари, Тетија како награда му ја понудила Кимополеја, божицата на морските бури и природните катастрофи, ќерка на Посејдон. Римскиот митВо римската митологија, која се заснова на старогрчката митологија, Хекатонхирите се Сентимани (латински Centimanūs, "сто раце", centēnus, "сто" и manŭs, "рака"). Тие носат доста слични имиња: Егејон (Бријареј), Кот и Гиг. Една дополнителна легенда, која потекнува од грчко-римскиот свет, напишана од грчкиот географ Павзаниј, кој починал во Рим околу 180 година ни кажува дека Нептун и Сонцето биле скарани околу сопственоста на Коринтскиот провлак. Бријареј, земен за судијата, провлакот му го дал на богот на морето а Акрокоринт на Сонцето[4] ·[5] Божествената КомедијаБријареј е еден од петте џинови споменати во "Пеколот" на Божествена Комедија[6] . Окован во Пеколот, тој е прикажан како зло, комбинација на итрина, ум и на сила. Хекатонхирите во популарната култура
Извори
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia