Старогрчки исконски боговиИсконските богови во старогрчката митологија ја претставуваат првата генерација божества кои настанале на почетокот на космосот (редот), тие го уредиле, а по нив власта ја презеле Титаните (децата на Геја и Уран) и на крајот Олимписките богови. ![]() Нивното име (грчки: Πρωτογενοι) - протогени, значи „првородени“, „древни“ или „исконски“. Тие се првите создадени суштества, бесмртни се, а од нив потекнуваат и сите останати божества. СоздавањеПретежно се смета дека првите божества се создале од Хаос, макар што некои извори споменуваат две божества кои биле родители на сите останати. Овие божества претставуваат различни елементи на природата. Хаос понекогаш го сметаат за сопружник на Крон наместо на Ананка. Исконските богови може да добиваат деца со партеногенеза, како и со полни односи. Божества според ХесиодСпоред Хесиодовоата Теогонија (околу 700 г. п.н.е.):
Најчесто, родословот на старогрчките богови се прави според Хесиод. Божества според други извори
Поинакви родословијаВо Стара Грција имало многу различни идеи за тоа кои се исконските богови. Различни поети имале и различна претстава за тоа кои се првородените: ИлијадаСпоред „Илијадата“, епот за Тројанската војна, кој му се припишува на Хомер, Океан (веројатно и неговата жена Тетија) е татко на сите божества.[2] АлкманАлкман (околу 600. година п.н.е.) ја смета Тетида за прва божива, која го направила poros „патот“, tekmor „патоказот“ и skotos „темнина“ во неминливата, безизразна празнина. ОрфистиОрфејовата поезија (околу 530 г. п.н.е.) ја поставила Никта (Ноќта) како прво божество. Исто така, според орфејската традиција Фан (мистично орфичко божество на свестлоста и создавањето, понекогаш поистоветуван со постариот Ерос) е првобитниот владетел на космосот, кој излегол од космичкото јајце.[3] АристофанАристофан (околу 456–386 г. п.н.е.), во својата комедија „Птици“ напишал дека Никта е првото божество кое го произвела Ерос од јајце. ФилозофиИ филозофите во антиката граделе свои космогонии и претпочитале свои божества како првородени:
Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia