Оваа геолошка образба е производ на насложувањето на талози, претежно поради масовното движење, кое е надолно поместување на песок и други талози под дејство на Земјината тежа.[1] Масовното движење може да се одвива постепено, при што талозите се насобираат испрекинато или во големи нагли падови.[1] Големите падови се предизвикани од ненадејни настани како земјотреси или пркумерна стрмност на континенталната падина.[1] Попостепеното насобирање на талози се случува кога хемипелагиски талозите кои пловат во океанот бавно налегнуваат во океанската котлина.[1]
Падина
Бидејќи континенталното подножје лежи под континенталната падина и е создадено со таложење, тоа има многу благ наклон, обично 1:50 до 1:500.[1] Како што континенталното подножје се протега во морето, таложните слоеви стануваат потенки, а подножјето се спојува со абисалната рамнина, обично под наклон од 1:1000.[1]
Придружни образби
Наносни конуси
Насложувањето на талози во устието на подводните кањони may образуваат маси во облик на лепеза (наречени подводни конуси) на континенталната падина и континентално подножје.[2]Наносните или таложни конуси се плитки конусообразни релјефи при основата на континенталната падина кои се соединуваат, образувајќи го континенталното подножје.[2] Ерозивните подводни кањони се надолно устремени и водат до наносноконусни долини со сè поголема далбочина.[2] Во оваа зона талогот се насложува, образувајќи го континенталното подножје. Наносните конуси како Бенгалскиот, кој се протега 3.000 км, ги сочинуваат најголемите таложни образби во светот.[1] Многу наносни конуси исто така имаат лежишта на нафта и земен гас, поради што тие се клучни места за собирање на сеизмички податоци.[1]
Абисална рамнина
Понатаму од континенталното подножје се протега абисалната рамнина, која е сместена врз базалтна океанска кора и го опфаќа најголемиот дел од морското дно.[2] Во неа живеат организми посебно прилагодени за опстанок во вакви студени и темни услови под голем притисок.[1] Рамноста на абисалната рамнина е испрекината со масивни подводни планински венци близу тектонските граници на плочите.[2] Талозите се сочинети главно од тиња и глина.[1]