Според истражувањата од 1975 година, родови во селото се:
Староседелци:Величковци (6 к.), Атанасковци (4 к.) и Тодоровци (4 к.)
Доселеници:Јанковци (10 к.) доселени се од селото Герман; Лазици (11 к.) доселени се од селото Трновац; Мишинци (13 к.) доселени се од селото Шопско Рударе; Куковци (10 к.) доселени се од местото Здравци Камен кај кратовското село Шлегово. Го знаат следното родословие: Милан (жив на 56 г. во 1975 година) Тодос-Јован-Спасо-Ѓорге, основачот на родот кој се доселил; Мулинци (4 к.) доселени се однекаде.[11]
Иселеници има во Скопје, Кратово, Куманово и на други места. Населението исто така се иселувало и во Германија. Родот Маџо се иселил во селото Малино. Игњатовци и Јосевци се иселени во селото Орел.[11]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“