Димонце
Димонце (или Димонци) — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа на западната страна на Општина Кратово, недалеку од десната страна на Крива Река, во дел од областа Средорек, а чиј атар се допира со подрачјето на општината Куманово.[2] Селото е ридско и раштркано, а просечната надморска височина изнесува 550 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено 25 километри.[2] До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 29277 пред селото Коњух. Куќите на ова село се наоѓаат на надморска височина помеѓу 400 и 500 метри. Тие се сместени помеѓу Крива Река и малата притока Држава. Околни села се Пендак, Руѓинце, Коњух и други. Жителите се служат со вода за пиење од извори и бунари.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Гаѓин Камен, Длага Њива, Свртача, Кула Воденица, Котлово, Четири Камена, Гојник, Голем Рид, Две Чуке, Брајлово, Карчин Крст, Чивлак, Пејинска Маала, Курлевска Маала, Влашки Трла, Лазарева Чешма, Стари Гробишта, Старо Село, Солиште, Велкови Ораци и други.[3] Селото има разбиен тип. Има поголем број на помали маала: Чифлачко, Курлевско, Новоселско, Пејинско и други. Средишно маало е Чифличкото, во кое се наоѓа училиштето (отворено во 1947 г.) и гробиштата.[3] Јужно од Димонце треба да поминува железничката линија од Куманово до македонско-бугарската граница кај Ѓуешево. Во истиот правец тече и Крива Река. ИсторијаТрадицијата на денешните мештани наведува дека нивното село најпрвин имало 7-8 куќи. Тие се наоѓале на месноста Старо Село во долината на Крива Река. Подоцна, отоманските Турци го запалиле тоа село. Бидејќи било сѐ дим се добило денешното име на селото. Мештаните од Старо Село најверојатно во првата половина на XIX век изградиле нови куќи на повисок терен на местото на своите сточарски трла. Поради тоа, Димонце има разбиен тип.[3] Покрај селиштето Старо Село има едно наоѓалиште со името Велкови Ореви. Таму во карпите има ископани дупки и во нив по преданието се чувале жито и вино. Недалеку од селиштето до 1943 година се наоѓале селските гробишта. Постојат и слаби остатоци на црква. Од споменатата година кога е копана трасата за железничката пруга Куманово-Крива Паланка биле основани нови селски гробишта во Чифличкото Маало.[3] Од Старо Село во Димонце потекнуваат 5 македонски и 1 ромски род. Македонски родови се Велкови, Клинчарови, Каравилци, Колеви и Гојнишани, додека ромски род се Петковци. Останатите селски родови ― и македонски и ромски ― биле доселувани воглавно во средината на XIX век, а некои одма по ослободувањето од Турците. Доселениците дошле од разни кумановски, кратовски и кривопаланечки села.[3] За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, запишал дека е чифлик со 15 куќи.[4] До околу 1925 година, на атарот на Димонце со овците зимувале и одредени Власи (Ташко, Зико, Мите и други), кои имале по неколку сурии овци, а секоја сурија броела помеѓу 150 и 200 грла овци. Тие биле сместени во месноста Влашки Трла. Летно време се преместувале на Осогово, кај Калин Камен.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 9,9 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 490,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 350,7 хектари, а на шумите само 26,2 хектари.[2] Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2] Обработливите површини во Димонце во текот на XIX век припаѓале на беговите. Пред крајот на отоманската власт сопствениците на земјата се нарекувале: Јашар-бег, Абдула-бег, Мустафа-бег и Рамадан-бег. Тие биле браќа и живееле во Кратово. Нивните четири чифлици се наоѓале во денешното Чифличко Маало, а Јашар-бег поседувал и воденица на Крива Река.[3] Во минатото, димончани најмногу се занимавале со сточарство. Ромските семејства немале сопствена стока, поради што биле многу посиромашни. Сточарството успевало поради квалитетната трева во атарот на селото, што не било случај со околните села. Најмногу се одгледувале овци.[3] .[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Димонце живееле 147 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Димонце имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7] Од Димонце, што е одлика за многу села во општината, се иселил голем дел од населението. Во 1961 година селото броело 476 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 64 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Димонце живеел 51 жител, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 3 Македонци и 14 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДимонце е мешано македонско-ромско село.[3] Според истражувањата од 1960-тите години, родови во селото се:
ИселеништвоЖителите на Димонце не се иселувале до 1960-тите години. Единствено родот Калинци преминал во соседното Пендак и родот Шарковци се иселил во кумановското село Стрезовце.[3] Општествени установи
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Димонце било село во Кратовската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Кратово, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Кратово. Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Страцин, во која покрај селото Димонци, се наоѓале и селата Крилатица, Куклица, Пендак, Страцин, Талишманци и Трговец. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Димонци, во која влегувале селата Димонци, Куклица и Пендак. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0923 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[15] Редовни настани
Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia