Емирица
Емирица — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат е забележано во турски документи од 1481 година. Се верува дека неговото потекло е од личното име Емир или пак од титулата емир, што означува владетел, заповедник или кнез на определена територија (како санџакбег). Титулата емир е балкански турцизам од персиско или арапско потекло од областа на турската управа.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа на крајниот источен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Кочани.[3] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.200 до 1.420 метри. Од градот Кратово, селото е оддалечено 18 километри.[3] До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 2232, во непосредна близина на браната на Кнежевското Езеро. Ова е типично планинско село во Осогово, источно од градот Кратово. На југ се наоѓа зимскиот центар Пониква. Селото е од разбиен тип, и неговите маала (Буковица, Врдовачка Маала и Шуманска Маала) лежат на надморска височина од 1.200 до 1.420 метри. Над селото извира Емиричка Река и тече низ него, а потоа преминува низ други места, па завршува како притока на Кратовска Река. ИсторијаПодрачјето на Емирица е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговата околина.[4] Првпат името на селото е документирано во 1481 година во турски документи.[2] СтопанствоАтарот на селото е голем и зафаќа простор од 24 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.490,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 595,7 хектари, а на обработливите површини 217,6 хектари.[3] Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Емирица има 100 жители, сите Македонци христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Емирица имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7] Селото е мало и во 1961 година броело 268 жители, а во 1994 година бројот се намалил дури на 37 жители, македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Емирица живееле 18 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Емирица било село во Кратовската каза на Отоманското Царство. Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково. Избирачко местоВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 0903 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia