Селото Черешница се наоѓа на 35 километри југоисточно од Свети Врач и 22 километри источно од Мелник и во близина на Долна Сушица. Селото се наоѓа во планински регион, на надморска висина од 362 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 24.044 км2.
На 8 септември1869 година, жителите на Черешница ги исфрлиле грчките книги од црквата и ги замениле со старословенски книги. Во 1871 година Атанас Попетров од Либјахово го отворил првото училиште во селото на народен јазик[3]. Во 1872 година, локалниот патриот Хаџи Ангел Јанев, бил во обиколка низ селата во околината и собрал значителна сума на пари за училиштето од Дупница, Горна Џумаја, Софија, Русе и други општини[4].
За време на задушувањето на Кресенското востание, Башибозуците предводени од Јусуф Ефенди го опустошиле селото и ги заклале жителите на Черешница[5]. Британскиот конзул во Софија Вилијам Палграјв пишува дека во масакрот биле вклучени редовни трупи. Во извештајот од 25 ноември1878 година, тој ги опишал настаните на следниов начин:
... се состои од сто и педесет куќи, со целосно бугарско население, што изнесуваше, како што велат, горе долу околу осумстотини луѓе, беше ненадејно и без никакво предупредување опкружено и нападнато од мешани турски сили, делумно редовни и делумно башибозук, командувани од турски офицер. Веднаш ги нападнале и ги убиле жителите кои не покажале отпор, го ограбиле селото, а потоа го запалиле. Од целото село, само девет лица, имено четворица мажи, три жени и две деца, успеале да избегаат. Тие пристигнаа минатата недела на бугарска територија во Ќустендил, а едниот од нив, од кого во присуство на владиката на градот беше запишана суштината на горенаведените информации, дошла во Софија. За жал, неговата приказна добии доволни потврди од сите места што се случувало.[6]
Тој исто така претпоставил и дека една од причините за колењето е ставот на селото кон црковно-просветелната борба:
Село Черешница не зело учество во востаничкото движење. Но жителите пред осум години ја смениле фанариотската со егзархиската власт и основале училиште во селото за децата. Затоа се смета дека колењето извршено од страна на турските војници можеби се должело и на грчка поткрепа во настаните.[6]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Черешница, на СИ од Валовишта, 1⁄2 час до Ковачово. Почва - плодородна во жита и грозје; произведува се и вино. Во црквата се чита на бугарски. Училиште нема. Куќи 70.[1][7]
Селото има форма на потковица, свртена кон југ. Во западниот правец на селото може да видат Мелничките пирамиди. Поради нивната голема побожност, луѓето обновиле три параклиси - Света Петка, Света Марија и Свети Ѓорѓи. Црквата „Свети Никола”, сместена во центарот на селото, е од 19 век, изградена во два дела - машки и женски.
Во селото, пролетта доаѓа рано, а есента доцни.
Редовни настани
Еден од најголемите настани е селскиот панаѓур, кој се слави на крајот на јули во чест на „Св. Петка “. Првично, панаѓурот бил организиран во октомври, но поради студеното време, неговото прославување се префрлило. Легендата вели дека пред околу 100 години, децата од селото доживеале несреќи и умреле. Еден свештеник рекол дека во оваа област, веднаш под едно дрво, жителите ќе најдат икона на „Св. Петка “. Луѓето од селото се собрале иза почнале да копаат во корените на дрвото. Додека копал, 12-годишно девојче паднало во ископнината. Сите се плашеле дека повторно ќе завладее несреќа, но девојчето било живо и здраво и ги повикал на селаните да продолжат со копањето. Така била пронајдена икона на светицата во корените на дрвото. Тие изградиле капела во нејзина чест. Оттогаш, ова место, кој се наоѓа на околу 2 км од селото Чересница, е наречен „Св. Петка“.
Васил Черкезов (? – 1925), македонски револуционер[13] четник на Јане Сандански, оженет за вдовицата на убиениот од Сандански Борис Шабов од Черешница,[14] обесен од михајловистите во 1925 година во Мелник заедно со неговите два сина Атанас и Борис[12][15]
↑ 6,06,1Британски дипломатически документи по българския национален въпрос, т. 1, (1878 – 1893), с. 62 – 63 (в доклад от декември 1878 г., Палгрейв уточнява, че нападателите са редовна войска и черкези, с. 80, 88).