Куртамзали
Куртамзали — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел).[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 5,5 километри.[2] Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. До селото води асфалтен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли. ИсторијаСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 297 хектари, на пасиштата отпаѓаат 157 хектари, додека на обработливите површини 45 хектари.[2] Селото нема некое битно земјоделско значење.[2] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 40 домаќинства со 92 жители муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Куртамзали живееле 180 жители, сите Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[6] Селото е мало и во 1961 година имало 174 жители, а во 1994 година 187 жители, турско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Куртамзали имало 121 жител, од кои 119 Турци и 2 останати.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, од кои 32 Турци и 10 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Куртамзали било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Куртамзали се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место се опфатени и селата Дурутли, Органџали и Севендекли.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia