СевендеклиЗа селото кај Кукуш, видете Севендекли (Кукушко).
Севендекли — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 340 метри. Од патот Нов Дојран-Гевгелија (или Валандово) е оддалечено 4,5 километри.[2] Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли. ИсторијаСамо 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 7,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 456 хектари, на пасиштата отпаѓаат 210 хектари, додека на обработливите површини 92 хектари. Во минатото во селото имало продавница.[2] Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 63 домаќинства со 150 жители муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Севендекли живееле 465 жители, сите Турци.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци.[6] Селото е мало и населено само со турско население. Така, во 1961 година селото имало 101, а во 1994 година само 20 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Севендекли имало 3 жители, сите Турци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаНа крајот од XIX век, Севендекли било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Севендекли се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia