Сретеново
Сретеново — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа на крајниот јужен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција и се спушта до брегот на Дојранското Езеро.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри.[2] Селото се наоѓа на југозападниот дел на Дојранското Езеро, кое е речиси споено со административниот центар на општината, Стар Дојран. На 1,5 километар се наоѓа македонско-грчката граница. Низ селото поминува регионалниот пат 1105, кој завршува на самиот граничен премин. Најјужниот дел на атарот на селото е оддалечено 57,15 километри од Солунскиот Залив и со тоа е најблиска точка на Македонија до некое море.[3] ИсторијаПодрачјето на Сретеново е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Мешино Брдо.[4] Селото е основано од 29 српски семејства, кои биле колонизирани по завршувањето на Првата светска војна. Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 15,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 719 хектари, на шумите отпаѓаат 509 хектари, додека на обработливите површини 209 хектари.[2] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во него работи фабрички погон, земјоделска задруга и услужни објекти.[2] Во поново време, во селото е особено развиен туризмот. Население
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 151 жител, од кои 72 биле Срби, 35 Хрвати, 28 Македонци, 8 Црногорци и пет жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 268 жители, од кои 142 биле Македонци, 62 Срби, 25 Роми, 11 Турци и четири жители Албанци.[2] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 315 жители, од кои 205 Македонци, 11 Турци, 36 Роми, 1 Влав, 29 Срби и 2 останати.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 344 жители, од кои 246 Македонци, 10 Албанци, 8 Турци, 19 Роми, 43 Срби, 13 останати и 5 лица без податоци.[7] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Сретеново се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Нов Дојран, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0385 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Стар Дојран.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 598 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia