Австралиската атлетичарка Бети Катберт освоила 3 златни медали и била наречена „Златната девојка“. Нејзиниот квалитет бил споредуван со спринтерот Боби Џо Мороу.
Со инспирација од австралијанскиот тинејџер Џон Винг започнала Олимписката традиција на затворањето на Олимписките игри спортистите да парадираат заедно како симбол на соединетост на светот.
Ласло Пап го одбранил златото од игрите 4 години пред тоа освоено во бокс во полусредна категорија.
Започнува големата доминација на Советскиот Сојуз. Повеќе САД не е најуспешна нација.
Со сина боја се означени земјите кои дебитираат на Олимписките игри
На Летните олимписки игри - 1956 одржани во Мелбурн де битирале: Етиопија, Кенија, Фиџи, Малаја, Северно Борнео и Уганда. Спортистите од Источна и Западна Германија настапиле во кмбиниран тим. Таа практика останала сè до Летните олимписки игри - 1968 одржани во Град Мексико.
Игрите во Мелбурн оставиле цел меќник на спортски зданија. Стадионот Мелбурн крикет Граунд беше срушен во 2004. Базенот постои сè уште како дел од Лексус центарот во Олимпискиот парк. Олимпискиото село е под приватна сопственост.