Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 180 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри.[2] Селото е сместено во близина на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, а во непосредна близина на металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“.
Атарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 510 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 157 хектари.[2]
Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има збиен карактер. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]
Историја
Селото било христијанско, а денешното село настанало со спуштање на селаните поради вода од Пашини Грамади на Љубеш кон крајот на XVIII век.[3]
Старинци од старото село (Пашини Грамади):Самандовци (6 к.), Недевци (2 к.), Србовци (4 к.), Димковци (3 к.), Здравевци (2 к.), Јанчевци (3 к.) и Самовци (5 к.)
Доселеници:Паневци (1 к.) доселени се во 1860 година од некое село во Мариово; Горевци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Манастирец; Јовановци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Трстеник; Милошевци (1 к.) доселени се во 1899 година од селото Праведник; Здравевци (1 к.) доселени се во 1903 година од селото Возарци; Марковци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Возарци; Бошевци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Драдња; Крстевци (1 к.) доселени се во 1908 година од Кавадарци; Илевци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Бегниште.
Општествени установи
Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Шивец се наоѓале селата Брушани, Возарци, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш и Шешково.
Главната селска црква „Св. Стефан“
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 февруари 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.