Македонски народно-ослободителни песни
„Македонски народно-ослободителни песни“ — збирка поезија составена од народни песни во време на народната ослободителна борба, авторот на делото е Коста Рацин. Стихозбирката е последното литературно дело на македонскиот поет Кочо Рацин, истиот ден по печатувањето бил стрелан.[1][2] Делото е најпознато како првото печатно издание којшто ја прикажува денешната химна на Република Македонија.[3] Два дела на книгата испаднале, првиот дел испаднало во истиот ден кога Кочо Рацин починал, додека вториот дело испаднало посмртно во август 1943 година од истата штампарница но во Битуше наместо Лопушник.[4][5] Првото Делото било скромно испечатено во првата партизанска штампарница „Гоце Делчев“ со околу стотина тиражи. Делото било познато помеѓу партизаните[1] и во македонскиот литературен кружок во Софија.[6] ИсторијатСпоред сведоци на пристигнувањето на Кочо Рацин во Лопушник во мај 1943 година како дел од одредот „Кораб“, Рацин веќе ги имал песните собрано пред време. Кога влегол во базата носел листови со неговиот ракопис за некој од песните планирани.[7] Според сеќавањата на Митре Инадески, имал повеќе песни собрано и планирано за повеќе дела. Додека другите партизани работеле за печатувањето на збирката со примитивни услови, Рацин истовремено го преведувал Сталиновиот говор за мај 1943 година.[7] СоставКоста Рацин истовремено го уредувал и партизанскиот весник „Илинденски пат“. Кога работел во штампарницата планирал за објавувањето на два дела, но само успеал да објави едно.[8] Квалитетот на стихозбирката била добра со споредба на условите на печатување. Содржила само 10 страници и насловна корица, реток примерок на стихозбирката е сместена во Институтот на национална историја во Скопје.[9] Првиот дел е составено од дваесет песни,[10] додека вториот е составен од единаесет песни. Тие се според редослед: Први дел
Втори дел
Македонски гледишта![]() Последното дело на Кочо Рацин не е познато во исто ниво како Бели Мугри, но уште е почитувано од страна на македонски историчари и фолклористи. Збирката е првата книга произведена од партизанска печатница и првата збирка произведена во Македонија за време на НОБ. Збирката е исто така позната како првата стихозбирка во современ македонски јазик. Според Владо Малески, којшто стихозбирката користи многумина од неговите песни:
После ослободувањето на Македонија и создавањето на нова независна република во рамките на Југославија, многумина од делата на Кочо Рацин, Коле Неделковски и Крсте Петков Мисирков биле објавени со втори издании, ист случај било и со збирката на народно ослободителните збирки, но двете збирки биле групирани во едно и главниот уредувач бил Блаже Конески. Конески ги отстранил непознатите и оспорените песни, како Изгреј зора на слободата и го објавил со новиот наслов „Од Борбата“ во 1947 година.[18] Во 1974 година,[19] Блаже Ристовски објавил книга кадешто ги прикажува сите песни од двете книги, вклучувајќи и Изгреј зора на слободата и другите непознати песни, но со разлика на Блаже Конески, Ристовски ги анализирал какви правописни правила користел Рацин, и каква азбука користел. Во книгата исто така прикажува како песната би било пеано, по кој тон и кој ноти. Секоја песна исто така добива кратко објаснување на сите информации којшто Ристовски можел да најде. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia