Македонско-британски односи
Интересот на Велика Британија за Македонија започнал во времето на Наполеоновите војни, продолжува во времето на Римската војна, а поизразита форма добива во втората половина на XIX век, во времето на Сан-Стефанскиот и Берлинскиот конгрес. На крајот кулминира со меѓусебно признавање на двете држави и воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади. Историја на односиПочеток на 19 век до првата светска војнаВо периодот до формирањето на македонското ослободително движење тенденцијата на британската политика се состоела во следење и испитување на движечките македонски општествено-политички сили. Во втората фаза од 1893 до 1912 година, со појавата на ослободителното движење (МРО), таа тенденција добила поизразита форма (Илинденското востание). Извесни промени таа политика претрпела во времето на Младотурската револуција и Балканските војни, кога во геополитички поглед настануваат изразити промени на картата на Македонија. Македонија била поделена меѓу трите балкански држави: Бугарија, Србија и Грција, а извесен дел ѝ припаднал на новоформираната држава Албанија. Во текот на Првата светска војна проблемот на Македонија бил разгледуван во склопот на општосојузничката политика на Балканот во односите меѓу балканските држави и одделно како специфична македонска појава. На Париската мировна конференција во поглед на територијалната поделба на Македонија, Британците поаѓале од status quo-то и не се одело кон радикални средства за создавање нова државна творба на Балканот. Уште во текот на подготовките на Конференцијата, во разговорите меѓу американската и британската делегација бил заземен став со кој не ја одобрувале шемата за една автономна Македонија, бидејќи автономијата значела независност. Таквиот став на Велика Британија се рефлектирал и на самата Конференција. Тоа била една од причините Конференцијата да не обрне внимание на македонското прашање. На Конференцијата единствено место нашло прашањето за заштита на правата на малцинствата[1]. Период после првата светска војнаВо периодот меѓу двете светски војни Велика Британија покажувала зголемен интерес за односите на Балканскиот Полуостров, со нагласување на односите помеѓу Кралството на СХС од една страна и Бугарија од друга, поради фактот што од нивните односи зависеле политичките односи на Балканот во целина. Основниот проблем за нарушување на нивните односи претставувало македонското прашање. Во триесеттите години во балканските земји зајакнало движењето за формирање балканска унија или балкански пакт со интенција да се елиминира мешањето на големите сили во состојбите на Балканот. Била прифатена девизата „Балканот на балканските народи“. Велика Британија позитивно гледала на една таква балканска соработка. Било оценето дека македонското прашање е еден од најголемите балкански проблеми, чие решавање автоматски би довело до решавање на сите други прашања на Балканот. Втора светска војна и потоаВо текот на Втората светска војна британскиот интерес во Македонија го застапувале британските воени мисии што биле присутни во сите поголеми воени единици. Преку нивните извештаи британската разузнавачка служба СОЕ и Министерството за надворешни работи биле запознавани со воените и политичките интенции на македонската НОБ за слободна, независна и обединета Македонија. По Втората светска војна британскиот интерес се насочил кон Грција и зацврстувањето на своето влијание. Зела активно учество во Граѓанската војна во Грција, во која учествуваа и Македонците. По оваа војна голем број Македонци го напуштија делот на Македонија под Грција и заминале во земјите на Југоисточна Европа[2]. Современи односиСо прогласувањето на македонската независност во 1991 година, Велика Британија ја признала Македонија под нејзиното уставно име[3]. Амбасади
Амбасадата на Македонија во Обединетото Кракство е сместена во Лондон, која исто така ја покрива и Ирска и Република Исланд. Амбасадор е г-ѓа Марија Ефремова[4]. Адреса: Suite 2.1 & 2.2, Bucking Court 75-83 Buckingham Gate London SW1E 6PE ++44 207 976 0535; ++44 207 976 0538; ++44 207 976 0539; london@mfa.gov.mk
Амбасадата на Британија е лоцорана во Скопје. Амбасадор е Чарлс Герет[5]. Адреса: British Embassy, Skopje, Macedonia British Embassy Salvador Aljende No. 73 Skopje 1000 Skopje Telephone: (00) (389) (2) 3299 299 Fax:(00) (389) (2) 3179 726 (00) (389) (2) 3179 729 Consular/Visa Постои и конзуларно претставништво во Битола. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia