Македонско-босанскохерцеговски односи
Македонско-босанскохерцеговските односи се надворешните односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина. Односите меѓу двете држави се добри, без какви било отворени прашања [1] Амбасадата на Република Македонија во БиХ е во главниот град, Сараево.[2] Босанската амбасада е исто така во главниот град на Македонија, Скопје.[3] Босна и Херцеговина има и почесен конзулат во Битола.[4] ИсторијаДо 1991 година, и двете земји биле дел од составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По декларациите за независност на Хрватска и на Словенија од јуни 1991 година, Македонија по три месеци подоцна, во септември 1991 година прогласила независност. Босна и Херцеговина ја прогласи својата независност во март 1992. Дипломатските односи меѓу двете држави беа воспоставени На 12 мај 1993.[5] Босна и Херцеговина, како и другите бивши југословенски републики, ја признава Република Македонија под своето уставно име [6], и е меѓу 131[7] држави кои го направија истото. Македонија и Босна и Херцеговина ја делат истата цел за влез во Европската Унија.Босна и Херцеговина чека влез во НАТО додека Македонија веќе е членка на НАТО..[1] Македонија е земја кандидат за влез во ЕУ од 2005 година и ја чека датата за преговорите за влез. Додека пак Македонија е полноправна членка на НАТО. Македонија стана член на НАТО штом пронајде решение за спорот околу името со Грција. Додека пак Босна и Херцеговина има цел да се придружи кон НАТО. Во 2008, го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. Бошњаците во МакедонијаИма мал број на Бошњаци во Македонија. Според последниот попис во Македонија од 2002, бошњачкото малцинство брои 17,018 луѓе, кое е околу 0,84% од вкупното население во Република Македонија. Нема податоци колку Босански Хрвати и Босански Срби има во Македонија. Мал број на Македонци постои во БиХ. Според последниот попис од 1991 во Босна и Херцеговина имало 1596 Македонци. Сегашниот број на Македонците кои живеат во БиХ е непознат. Споредба на факти
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia