Македонско-словенечки односи
Македонско-словенечките односи се надворешните односи меѓу Македонија и Словенија. Двете држави имаат многу блиски политички и економски односи. И двете републики биле дел од СФРЈ и подоцна прогласиле независност (Словенија во јуни, Македонија во септември) и се признаа меѓу себе на 12 февруари 1992.[1] Дипломатските односи меѓу двете држави беа воспоставени на 17 март 1992.[2] Словенија го поддржува суверенитетот, територијалниот интегритет, Евро интеграцијата и визната либерализација на Република Македонија.[1][3] Има значаен број на словенечки инвеститори во Македонија. Во 2007, беа инвестирани околу 70 милиони евра.[4] Во јануари 2009, македонскиот премиер Никола Груевски рече дека тој очекува повеќе словенечки инвестиции во инфрастуктурата и енергетски проекти.[4] Словенија е првата држава која ја признала Македонија. Македонија има амбасада во главниот град, Љубљана. Словенија има амбасада во Скопје и почесен конзулат во Битола. Потпишани договори
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia