Македонско-кинески односи

Македонско-кинески односи
Map indicating locations of Македонија and Кина

Македонија

Кина
Дипломатска мисија

Македонско-кинеските односи вклучуваат билатерални односи меѓу Кина и Северна Македонија во различни области.

Првите дипломатски контакти меѓу Македонија и Кина датираат во далечна 1978 година, од посетата на тогашниот кинески премиер Хуа Гуофенг, на главниот град на Македонија - Скопје. На 12.10.1993 година, Р. Македонија и Н.Р. Кина формално ќе воспостават целосни дипломатски односи. Со тоа Н.Р. Кина ќе стане десетата земја во светот која ќе ја признае Р. Македонија, а тоа признавање ќе биде не било какво, туку под уставно име на нашата татковина.

На ваквиот принципиелен став во врска со името на Р. Македонија, Н.Р. Кина останува и до ден денес, за што премиерот на Р. Македонија Никола Груевски при последната средба со премиерот на Н.Р. Кина Вен Џиабао (15.05.2012) изрази благодарност.

Транспорт

Не постојат директни авиолинии помеѓу Македонија и Кина. Најблиски врски се преку белградскиот и атинскиот аеродром до Пекинг, како и од аеродромот во Истанбул до Пекинг, Шангај, Гуангџоу и Хонгконг.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya