Македонско-црногорски односи
Македонско-црногорски односи се надворешните односи меѓу Република Македонија и Црна Гора. Македонското Министерство за Надворешни работи тврди дека двете држави имаат одлични политички односи, без какви било отворени прашања [1]. Амбасадата на Република Македонија во Црна Гора е во главниот град, Подгорица. Црногорската амбасада е исто така во главниот град на Македонија, Скопје. Црна Гора исто така има и почесен конзулат во Битола. Историја![]() До 1991 година, и двете земји биле дел од составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По декларациите за независност на Хрватска и на Словенија од јуни 1991 година, Македонија по три месеци подоцна, во септември 1991 година прогласила независност. Армијата на ЈНА мировно се повлекла од Македонија, така што Македонија била единствената земја од поранешните југословенски републики која се здобила со независност без конфликт или војна. Во 1992 Црна Гора, како и Македонија, организира референдум за независност, но одлучи да остане во Југославија. Во април 1992 е прогласена Сојузна Република Југославија. По падот на Милошевиќ во 2001, се погласни беа црногорските барања за преиспитување на федералните односи со Србија. Токму и затоа во 2003, се создаде унија наречена Србија и Црна Гора. Во 2006 година, Црна Гора одржа втор референдум за независност, каде избраниците одбрале Црна Гора да стане независна држава. Воспоставување на билатералните односиДипломатските односи со Црна Гора беа воспоставени на 14 јуни 2006.[2] Односите се блиски и двете држави имаат иста цел за влез во Европската Унија.И двете земји се членки на НАТО. Црна Гора е меѓу 131[3] држави во светот којашто ја призна Македонија под уставното име.[4][5] Црногорците во МакедонијаИма мал број на Црногорци во Македонија. Според последниот попис во Македонија од 2002, црногорското малцинство брои 2,003 луѓе, кое е околу 0,1% од вкупното население во Република Македонија. Македонците во Црна ГораМал број на Македонци постои во Црна Гора. Според последниот попис од 2003 во Црна Гора имало 819 Македонци, кое е 0,13% од вкупното население на Црна Гора.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia