Македонско-израелски односи
Македонско-израелските односи — дипломатски, политички, културни и економски односи помеѓу овие две земји. Израел и Македонија имаат многу добри односи од секој аспект на политичко-културниот и социјално-економскиот живот. Двете земји развиваат пријателски односи.[1] ИсторијаИзраел и Македонија воспоставиле дипломатски односи на 7 декември 1995 година.[2] Со првичните документи кои се потпишале Израел ја признал Македонија под привремената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“, но сепак оваа одлука била променера и Израел ја признал Македонија под уставното име „Република Македонија“,[3][4] и со тоа станала 133 држава[5] која ја признала Македонија под уставното име. Македонија е една од ретките држави во Европа и светот која нема никакви политички и дипломатски односи со Палестина. Македонија има амбасада во Тел Авив, а Изаел ја покрива Македонија со своја амбасада во Загреб. Македонски ЕвреиЕвреите живееле во Македонија уште од античко време.[6] Денес еврејската заедница во Македонија е малубројна поради бугарската фашистичка депортација на Евреите од Вардарска Македонија за време на Втората светска војна. Сепак, еврејската заедница во Македонија е добро почитувана и е добра врска меѓу Македонија и Израел.[7] Денес има околу 200 Евреи во Македонија, повеќето во Скопје.[8] На неколку наврати еврејските заедници во Македонија искажале дека во Македонија нема антисемитизам.[9][10][11] По средбата на амбасадорите до двете земји во 2009 година, амбасадорот искажал дека Македонија е единствена земја каде антисемитизмот не се гледа и Евреите се чувствуваат безбедни.[10][11] Македонските Евреи имаат добри односи со Евреите во Србија[12] и имаат силни и долги односи со Американскиот еврејски комитет.[13] Во Скопје е изграден Меморијалниот центар на Холокаустот, кој е еден од најголемите во светот од овој вид.[14] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia