Димитар Солев
Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003) — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1] ЖивотописОсновно образование, од 1937 до 1941, стекнал во Пеќ. Нижа гимназија, од 1941 до 1944, учел во Скопје за време на окупацијата. По Ослободувањето учел гимназија. Студирал прво на Високата филмска школа во Белград, а потоа на Филозофскиот факултет, при што дипломирал на групата по историја на југословенските литератури. Работел како уредник во Телевизија Скопје, директор на Македонската телевизија, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ (1978-1987),[2] и како главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“.[3] Солев бил член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период бил и негов претседател.[4] ТворештвоСолев пишувал проза и есеи, а се занимавал и со преведување и со книжевна критика. Истовремено, за неговите дела пишувале повеќе критичари од поранешна СФРЈ, а неговите книги се преведени на повеќе јазици. Тој е припадник на средната генерација македонски писатели кои се појавиле по Втората светска војна. На книжевната сцена се појавил во 1956 година, со збирката раскази „Окопнети снегови“, а веќе следната година го објавил романот „Под усвитеност“. Во 1960 година се појавила неговата втора збирка раскази „По реката и спроти неа“, додека вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ излегол од печат во 1964 година.[5] Во македонската книжевност, тој е познат како голем поборник за употребата на модерниот книжевен израз.[6] Исто така, Солев е еден од првите македонски писатели кој пишувал кратки прозни творби.[7] БиблиографијаНајпознати дела на Солев се:[8] Збирки раскази:
Романи:
Есеи:
Радио-драми:
Сценарија:[11]
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[12] НаградиЗа романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар Солев ја доби Рациновата награда. Добитник е на наградата „11 Октомври“. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia